Никола Тодоров, министерот за здравство и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, на кои им укажал дека од партијата очекуваат Договорот од Пржино да биде до крај реализиран и да има избори на 24 април.
„На меѓународните претставници, кои се гарантори на спроведувањето на договорот, им беа пренесени очекувањата договорот да биде докрај реализиран, вклучувајќи го и клучниот услов, а тоа се изборите на 24 април. Одржувањето на изборите во предвидениот датум ќе значи и целосно заокружување на договорот и излез од кризата. Ваквиот исход го очекуваат и потписниците на договорот и меѓународните претставници, а пред сè граѓаните на Република Македонија. Секој обид да се изигра овој услов го доведува во прашање целокупниот договор и сè што е досега постигнато“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.