fbpx

Хан од балканските влади бара поголема слобода за медиумите

-

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во видеообраќање на регионалната конференција на БИРН во Сараево „Предизвици за медиумската слобода“, изјави дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост и бара итно внимание.

Хан рече дека слободата на медиумите на Балканот останува точка на особена загриженост за Европската комисија, особено прашањето на владиното мешање и закани против независноста на јавните радиодифузни сервиси.
„Се соочуваме со важни предизвици кои мора итно да бидат адресирани. Покрај владиното мешање, повеќе напори мора да се посветат и на политичката и на финансиска независност на регулаторните тела, како и на поефективно функционирање на саморегулацијата“, рече Хан.

Тој додаде дека ќе продолжи да ги притиска владите во регионот да остваруваат прогрес на ова поле.

„Постои потреба да се справиме и со неформалниот економски притисок врз медиумите. Ова вклучува транспарентност на сопствеништвото врз медиумите и спречување на прекумерната медиумска концентрација. Не помалку важна е и транспарентноста при владиното рекламирање“, рече Хан.

На конференцијата, која се одржува како дел од десетгодишнината на БИРН, била усвоена и листа со препораки до владите на Балканот, чија цел е унапредување на положбата на медиумите во регионот.

Препораките се резултат на заедничкиот труд на повеќе од 30 медиумски професионалци и експерти кои се собраа во Сараево еден ден порано, на регионалната работилница за слобода на говорот. Тие дискутираа прашања поврзани со работничките права, државното финансирање на медиумите и на јавните сервиси, медиумскиот пазар, транспарентноста на медиумското сопствеништво, како и за претставувањето на ранливите и на маргинализирани групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...