fbpx

За награда од 300 евра, со молотов коктел запалиле дуќан во Битола

-

Битолската полиција го расчистила случајот со палењето на продавницата за чевли во градот, пред три дена, и поднела кривични пријави против П.Д. (29) и М.Б. (42), кои се осомничени дека наговорени до трето лице, со молотов коктел го предзвикале пожарот што го пеплоса дуќанот.

Индентитетот на лицето што ги наговорило осомничените да го запалат дуќанот засега ѝ е непознат на полицијата.

Како што информираат оттаму, тие, во вторникот, рано наутро, откако дошле до продавницата, со бекатон-плочка скршиле еден од прозорците, а потоа низ отворот го фрлиле стакленото шише со бензин.

Според полицијата, третоосомничениот за палењето на продавницата на двајцата битолчани им ветил награда и по настанот им исплатил по 150 евра.

Материјалната штета што ја предзвикале била проценета на околу 1,5 милиони денари или околу 25.000 евра

Од полицијата додаваат дека П.Д. и М.Б. од порано им биле познати на органите на прогонот, како сторители на кражби, недозволена трговија со дрога и на измами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.