fbpx
Таг: Јоханес Хан

таг: Јоханес Хан

Еврокомесарот се растури од твитање

Еврокомесарот за проширување  и за соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил цело време споделува впечатоци и фотографии по средбите во Скопје. Така, по разговорите со цивилниот сектор и со Националниот совет за евроинтеграции, тој на „Твитер“ напиша: „Средба со цивилниот сектор: Треба да го надминеме менталитетот „победници-губитници“. За напредок во реформите треба соработка плус компромис. На крајот на сите напори...

Хан утре ќе оди во кампот за бегалци во Гевгелија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој е во дводневна посета на Македонија, утре ќе го посети кампот за беглаци во Гевгелија. Денеска тој има малку поинаква агенда од најавената, па во 12 часот ќе има средба со премиерот Никола Груевски, во 12.30 часот - со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а половина час подоцна ќе има средби...

Хан пристигна во Скопје, Јанева не знае дали му е во агендата

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, пристигна на дводневна посета во Скопје. Утрово тој се сретна со претставници на невладиниот и на граѓанскиот сектор и со евроамбасадорот Аиво Орав. Тој на својот твитер-профил сподели „Штотуку пристигнав во Скопје. Прва е средбата со цивилното општество, чиј ангажман е клучен за реформскиот процес“. https://twitter.com/JHahnEU/status/644768415928946688 Од канцеларијата на Хан во Брисел соопштија дека во...

Хан: Изборот на специјалниот обвинител не е крај на приказната

Именувањето на специјалниот јавен обвинител е важен елемент за нормализацијата на политичката состојба во Македонија, но тоа не е крај на приказната, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на ден пред посетата на Скопје. Хан го поздрави назначувањето на специјалниот обвинител, но порача дека Европската комисија ќе продолжи да ја следи состојбата во...

Македонија за бегалците ќе добие 24 милиони евра од Брисел

Еврокомесарот Јоханес Хан на денешната прес-конференција се осврна и на бегалската криза и ја коменираше изјавата на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, за можно подигнување ограда на границата со Грција. - Некои од вас биле во мојата канцеларија и виделе дека таму, од добри причини, ја ставив сликата од сечење на железната завеса меѓу Австрија и Унгарија, од...

Хан вечерва пристигнува во Скопје, можна е „случајна“ средба со Јанева

Еврокомесарот за проширување и за соседска политка, Јоханес Хан, доцна вечерва пристигнува во Скопје со комерцијален лет. Работната посета официјално ќе ја почне утре, во 10.30 часот, на средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски. По средбата со премиерот Груевски, се очекува Хан да присуствува на пленарната седница за Претпристапните преговори...

Хан ќе руча со Груевски, а ќе вечера со невладините

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, в петок ќе допатува во Скопје за обновување на претпристапните преговори на високо ниво со Европската унија (ХЛАД). На неговата агенда, прво е најавена средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски. Трета точка на распоредот на Хан е пленарната седница за ХЛАД,...

Договорот од Пржино, клучен за почеток на претпристапните преговори со ЕУ

Неизвесно е дали претпристапните преговори на високо ниво со Евроспката унија ќе се најдат на агендата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој в петок ќе допатува во Скопје, дознава „Мета“ од високи извори во Секретаријатот за европски прашања (СЕП). - Исклучително е важно имплементирањето на политичкиот договор. Во јавноста се појавија гласини дека нереализирањето на...

Неизвесно е обновувањето на пристапните преговори со ЕУ

Рестартирањето на пристапните преговори на високо ниво (ХЛАД) е доведено во прашање поради ќор-сокакот во кој влегоа преговорите за реализација на Договорот од Пржино. - Комесарот Хан планира да ја посети поранешната југословенска Република Македонија на 18 септември за да се запознае со прогресот и со резултатите од имплементирањето на политичкиот договор и од запазувањето на роковите - соопшти за „Мета“ Маја Коцијанчич,...

Хан: Преговорите на партиите добро напредуваат

Во интервју за австрискиот весник „Стандард“, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека опозицијата наредната недела мора, како што е договорено, да се врати во Парламентот. - Потоа ќе биде именуван специјален обвинител. Во врска со тоа, од страна на двете големи партии слушам дека добро се напредува. Ние, ЕУ и меѓународната фамилија, ќе вложиме огромен напор за изборите во...

Хан: Договорот од Пржино мора да се спроведе во целост и без одложување

„Дозволете да бидам кристално јасен: Европската унија (ЕУ) не посредуваше за краткорочен договор за стабилизација. Нашата цел е да ѝ помогнеме на земјата на нејзиниот евроатлантски пат и во зацврстувањето на демократијата, отворенотo општество и на владеењето преку избори и одржливи реформи“, пишува еврокомесарот Јоханес Хан во напис објавен на неговиот блог, посветен на Договорот од Пржино, во кој,...

Брисел побара целосна и навремена примена на договореното на 15 јули

Потребна е целосна  и навремена примена на Договорот од Пржино, порачаа вечерва од Брисел еврокомесарот Јоханес Хан и словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој претседаваше со Советот за стабилизација и асоцијација. Лајчак рече дека македонските претставници - министерот Никола Попоски и министерот за евроинтеграција Фатмир Бесими - ветиле дека европската порака во Скопје и во Владата е разбрана. -...

Хан: Македонија има прецизен патоказ до изборите, потоа на ред е името

Македонија има прецизен патоказ што треба во следните месеци до изборите да се случува, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска пред средбата на шефовите на дипломатија на ЕУ во Брисел. - Дотогаш треба да бидат расчистени некои работи, да се имплементира договореното, а властите во поранешната југословенска република треба да ја повратат довербата. Тоа е примарна...

Хан и европратеничката тројка со заедничка изјава го поздравија договорот

Европската комисија денеска објави заедничка изјава на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и на тројцата европратеници, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховид, во која се поздравува договорот што го постигнаа лидерите на четирите политички партии за решавање на кризата во Македонија. „Ја поздравуваме посветеноста на договорот на четирите главни политички партии во поранешна југословенска Република Македонија, кој следеше по конструктивните...

Се договорија: Предвремени избори на 24 април со 100 дена преодна влада

Лидерите на четирите политички партии, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по повеќечасовни преговори доцна утрово постигнаа договор за излез од политичката криза во државата. - Постигнавме договор, потпишан од лидерите на најголемите четири партии и задоволен сум од постигнатото - изјави Хан по средбата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, и...

Ново одложување на прес-конференцијата на Хан, неизвесно дали ќе има договор

Прес-конференцијата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, е одложена и вторпат. Наместо во првичниот тремин во 18.30 часот, обраќањето пред новинарите прво беше одложено за 20 часот, за повторно да биде закажано за 21 часот, но со неизвесност дали воопшто ќе се случи. Изјава пред Инфоцентарот на ЕУ треба да дадат Хан и европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл...

Прес-конференцијата на Хан одложена за 20 часот

Претходно закажаната прес-конференција на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, од 18.30 часот е презакажана за 20 часот. Како што е предвидено, пред Инфоцентарот на ЕУ, изјава ќе дадат Хан и европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Во резиденцијата на Европската унија, на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на СДСМ, Зоран Заев, последни им се...

Груевски пристигна на средба со Хан и со европратеничката тројка

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, пристигна во резиденцијата на Европската унија на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и со европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Претходно во резиденцијата на ЕУ средба со Хан имаше и лидерот на СДСМ, Зоран...

Ахмети: Постои подготвеност за решавање на кризата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, изјави дека постои подготвеност за решавање на кризата, но одби да ги открие предлозите. - Сметам дека најбитен момент денеска е сите политички партии да ги надминат своите интереси и да ги постават државните пред партиските интереси. Според мое мислење и според разговорите што ги...

Хан на средба со Ахмети и со Тачи

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, ги почна средбите со лидерите на политичките партии. Како што јавува „Телма“, во тек се средбите со лидерите на албанските партии, Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА. Хан ќе има одделна средба и со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, а потоа ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски....

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...