fbpx

Хан вечерва пристигнува во Скопје, можна е „случајна“ средба со Јанева

-

Еврокомесарот за проширување и за соседска политка, Јоханес Хан, доцна вечерва пристигнува во Скопје со комерцијален лет.

Работната посета официјално ќе ја почне утре, во 10.30 часот, на средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски.

По средбата со премиерот Груевски, се очекува Хан да присуствува на пленарната седница за Претпристапните преговори на високо ниво (ХЛАД).

Хан во текот на денот ќе се сретне со лидерите на политичките партии, со кои ќе разговара за напредокот во имплементацијата на Договорот од Пржино, а посетата ќе ја заврши на затворена средба со претставници на граѓанскиот сектор и на невладините организации.

Од канцеларијата на Хан во Брисел соопштија дека во агендата на еврокомесарот не е предвидена средба со новата специјална обвинителка, Катица Јанева, која беше именувана вчера во рамките на договорот од 15 јули од Пржино – постигнат и како резултат на директното посредување на Хан. Сепак, оттаму не ја исклучуваат можноста Хан „случајно“ да се види со Јанева во рамки на некоја од претходно закажаните средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...