fbpx

Николов: ВМРО-ДПМНЕ оневозможува расправа за буџетот

-

Комисијата за финасирање и буџет ја одржа првата седница откако опозицијата се врати во Собранието, но пратениците од власта не дозволија расправа за измените во законот за буџети, предложен од опозицијата.

Крсте Муковски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека биле сведоци на поканети невладини организации токму од Сорос, за кои, како што вели, „не знам од кои причини моите колеги од СДСМ само нив ги поканиле. Најверојатно нивниот капацитет е толкав и имаат потреба од помош.“

– Им кажав дека никогаш ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери не бегаат од дебата во врска со законот што беше предложен. Од принципиелни причини побаравме таа точка да биде ставена, наместо прва, трета за расправа на дневен ред – изјави Мукоски.

Според Марјанчо Николов од СДСМ, со ваквата постапка се изразува непочитување кон пратениците од опозицијата, непочитување кон претставниците на невладините организации и здруженија на граѓани. Тој смета дека се изразува длабока неспремност и непочитување да се слушнат аргументите зошто ова законското решение е предложено.

– Цениме дека оваа постапка е направена само за да се избегне можноста јавноста во што поголем број да слушне кои се аргументите зошто опозицијата ги предложи измените и дополнувањата на законот за буџет, во делот кој се однесува на транспарентноста на трошењето на парите на граѓаните – изјави Николов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...