fbpx

Прес-конференцијата на Хан одложена за 20 часот

-

Претходно закажаната прес-конференција на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, од 18.30 часот е презакажана за 20 часот.

Како што е предвидено, пред Инфоцентарот на ЕУ, изјава ќе дадат Хан и европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит.

Во резиденцијата на Европската унија, на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на СДСМ, Зоран Заев, последни им се приклучија и лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи.

При влегувањето во резиденцијата, Ахмети им дофрли на новинарите дека „денеска ќе има договор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...