Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, в петок ќе допатува во Скопје за обновување на претпристапните преговори на високо ниво со Европската унија (ХЛАД).
На неговата агенда, прво е најавена средба со Националниот совет за евроинтеграции, по што еврокомесарот ќе има работен ручек со премиерот Никола Груевски.
Трета точка на распоредот на Хан е пленарната седница за ХЛАД, на која ќе биде разговарано за правосудството, дискриминацијата и за малцинствата, слободата на медиумите, деполитизацијата на јавната администрација, како и за изборните реформи.
Работната посета, Хан ќе ја заврши со затворена средба со претставниците на граѓанскиот и на невладиниот сектор.