fbpx

Хан нè остави да нагаѓаме кој е „без чувство на одговорност и лидерство“

-

На кого се однесува вчерашниот твит на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по завршувањето на неуспешните преговори во Брисел „…разочаран сум од немањето чувство за одговорност и од недостигот од лидерство…“? На кого точно мисли Хан? На Груевски или на Заев? Кој е тој што, според Хан,  немал „чувство на одговорност и му недостига лидерство“?

Премиерот Никола Груевски уште веднаш, по завршувањето на преговорите, вината ја лоцираше кај Зоран Заев, со што само ја начна можноста дека твитот се однесува на лидерот на СДСМ.

Од СДСМ, пак, тврдат дека вината за неуспехот на преговорите е кај ВМРО-ДПМНЕ, односно кај Груевски.

Петре Шилегов, портпарол на опозициската партија, вели дека за нив виновен е Груевски, но и дека „не може да знае што сакал Хан да каже“ и нè упати на својот фејсбук-статус кој гласи:

„Еврокомесарот Јоханес Хан бил разочаран од недостаток на лидерство и одговорност на некои политичари во Македонија.
И ние сме. Цели 9 години.“

На овој статус реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, со фејсбук-статус во кој напиша:

„Кога некој од СДСМ, или некој нивен „експерт“, или некоја нивна платеничка невладина организација, или некој нивен медиум и новинар, ќе зборува за ЕУ и НАТО треба да им се каже: МРШ ТАМУ ЛИЦЕМЕРИ…
Ако РМ ја изгуби препораката за ЕУ многу од нив ќе треба да знаат дека народот памти што зборувале и што правеле…“

Еве ги оригиналните твитови на Хан:

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...