fbpx

Штипскиот универзитет ќе ги ревидира дисперзираните студии

-

Дисперзираните наставни програми на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, најверојатно ќе се вратат во рамките на матичните факултети. Мала е заинтересираноста на матурантите за студирање на дисперзираните студии, особено во малите општини, вели ректорот на заминување, Саша Митрев. Во Пробиштип работи Технолошкиот факултет со студии по моден дизајн, во Виница се студиите на Машински факултет, во Радовиш – Електротехничкиот факултет , во Кавадарци програмата за енологија на Земјоделскиот факултет.

Рекоторот Митрев вели дека младите сакаат да студираат во Штип, каде е седиштето на Универзитетот, поради бројноста на студентите и студентскиот живот.

– Поради тоа, треба да се ревидираат наставните програми, затоа што е неоправдано да држите голем објект, како што се тие во Радовиш или во Пробиштип, а има десетина-петнаесет студенти, па понекогаш и многу помалку, пет-шест во втора, трета година – вели Митрев.

Универзитетот во Штип има 13 факултети, а наскоро ќе се оформат уште две академии за уметности – ликовната и филмската. Сега, дисперзирани центри има во Виница, Кочани, Радовиш, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Пробиштип, Гевгелија и во Скопје. Универзитетот плаќа кирии за објектите, а секојдневно организира превоз за профосорите и за другиот наставен кадар.

Дисперзирани студии постојат на сите државни универзитети, како еден од владините проекти, што прилично го чини државниот буџет. Премиерот Никола Груевски лани, во ноември, при донесувањето на измените на Законот за високо образование, го бранеше проектот со укажаната можност што поголем број млади да завршат факултет.

– Огромен број од нив можеби немаше да се запишат и да завршат и поинаку ќе им се движеше нивната животна патека доколку не им се отвореа овие дисперзирани студии. Потценувањето на младите луѓе во другите градови надвор од Скопје не е добра работа. Треба да им се дадат на сите еднакви можности или колку што е можно и повеќе од тоа. И тоа го прави Владата – рече тогаш Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...