fbpx

Хан задоволен од лидерската средба и ги објави приоритетните реформи во земјата

-

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, преку соопштение го поздрави исходот од лидерската средба што се одржа вчера во Скопје, во присуство на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес Бејли.

Во соопштението уште еднаш се повторува изјавата што четворицата лидери им ја поделија на новинарите по состанокот.

Во изјавата се вели: „Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата согласност, нашата целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни. Ние, исто така, го поддржуваме транспарентото менаџирање од ЕУ со текстот на овој договор, како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на владеењето на правото, кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани“.

Освен тоа, Европската комисија нагласи итни реформи кои Македонија мора да ги исполни во владеење на правото, судството, основните права, деполитизација на јавната администрација, слободата на изразување и изборните реформи.

„Овие реформски приоритети се подготвени од Европската комисија, врз основа на претходно издадени препораки и претходно договорените реформски приоритети во овие области, што се потврдија и дополнија со наодите од група високи експерти. Тие се наменети за решавање на системски слабости својствени на содржината од откриеното прислушување, како и повеќе поврзани слабости што придонесоа за ситуацијата што доведе до сегашната политичка криза“, се вели во соопштението од Европската комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...