fbpx

Во Охрид и во Струга се одбележува Денот на Охридското Езеро

-

Во Охрид и во Струга, со повеќе манифестации, се одбележува Денот на Охридското Езеро – 21 јуни. Целта е, како што велат организаторите , да се придонесе во заштитата, унапредување и вреднување на природните и на туристичките вредности на македонскиот езерски бисер.

Денот на езерото е воспоставен пред 16 години, пред сè, поради значењето на еко-системот, но и да се покаже дека и македонската и албанската страна се заедно во заштитата на езерото, институционално и легислативно, преку воведување на програмите и на директивите на ЕУ во законодавството на двете земји.

Во рамките на манифестацијата и во координација со Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХРМ), официјално е пуштена во употреба новата хидролошка станица со електронски дисплеј за отчитување податоци во однос на водостојот, температурата на водата и воздухот и електронски часовник.

Во активностите за одбележување на 21. јуни ќе се одржи и рекреативна велосипедска трка околу езерото, потоа еко-патрола за собирање смет од Градска плажа, Студенчишко блато, Лагадин, Трпејца и во Љубаништа. Новина оваа година ќе бидат јога-вежбите и медитација, со порака за мир и за ненасилство. Одбележувањето на Денот на Охридското Езеро попладнево ќе биде зачинето со закуска од охридско ѓомлезе.

Манифестации за Денот на езерото ќе се одржат и утре и задутре. Центарот на заедницата на Општина Струга, в понеделник, организира панел-дискусија, на тема „Охридското Езеро и неговите демони“. Ќе се одржи на отворено, на струшката плажа Галеб, а ќе говорат Дејан Пановски, Муса Мусаи, Ѓоко Зороски и Мухамед Лешко. Ќе има и отворена дискусија со публиката, информираат организаторите, кои додаваат дека настанот ќе биде можност граѓаните и граѓанските организации, како и други засегнати страни и активни чинители во секојдневниот и јавен живот во општина Струга, да го кажат своето мислење и став во врска со темата.

– Шеснаесет години подоцна, можеме да кажеме дека во одредени делови сме успеале околу заштита на Охридското Езеро, но се соочуваме и со нови предизвици кои произлегоа овие години, пред сè поради интересот за економски развој на општините од двете страни. Предизвици кои од нас бараат дополнителни напори за да ја објасниме еколошката приказна дека овој регион треба да остане автохтон, да остане присутно она што е ендемично, бидејќи тоа е приказната што можеме да ја продадеме за себе си и за сите што имаат интерес за Охрид – вели Дејан Пановски, македонски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...