fbpx

Хан: Во демократијата мора да има компромис

-

„На 20 јули ќе има состанок на Советот за асоцијација во Брисел, на кој ќе учествуваат високиот претставник и јас, од една страна, и Владата од друга страна, и се надевам и барам од сите страни да постигнат договор дотогаш. Ќе се расправа за извештајот за напредокот на земјата, кој ќе биде објавен наесен. Тоа е важно за европската перспектива, но не треба да се заборави и атланската перспектива на земјата во овие тешки времиња и сите треба да бидат свесни за тоа“, вели еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за „Радио Слободна Европа“.

– Според договорот од 2 јуни, сите партии, вклучително и албанските, се согласија на 19 јуни дека земјата им е важна, а не личните интереси и треба да ја преземат одговорноста за земјата. Економската ситуација се влошува. Очекуваниот економски пораст од четири проценти сега е најмалку нула, ако не е и под нулата. Невработеноста е речиси 30 проценти. Сите инвестициски одлуки на странските компании се на чекање. Мислам дека повеќе од 30 одлуки се ставени на чекање. Тука е и миграциското прашање кое кажува дека земјата многу треба да направи – вели Хан.

Тој додава дека во демократијата мора да постои компромис.

– И тоа значи дека двете страни се приближиле една кон друга. Многу е важно и двете страни да ја имаат предвид и тешката политичка и економска ситуација во земјата, како и тоа дека евро-атлантската перспектива треба да ја одржат жива – изјави Хан во интервјуто за РСЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...