fbpx

МВР: Петмина судии и четворица лекари добија кривични пријави

-

Петмината судии при Основен суд Прилеп, се товарат дека на лице осудено за убиство со правосилна пресуда, му овозможиле да не издржи голем дел од изречената казна. Станува збор за убиство што лицето го извршило на 30 септември 2006 година во Прилеп, кога со ловечка пушка го убил 29-годишниот Љупчо Коларовски поради нерасчистени должничко-доверителски односи.

Имено, судиите пријавени во својство на службени лица, вработени како судии во Основен суд Прилеп, заедно со лицата вработени како доктори во Психијатриска болница во Демир Хисар и доктор вработен во КПУ „Идризово“, во периодот од 2012 до 2014 година презеле дејства кои не смееле да ги преземат, односно континуирано ги пречекорувале своите службени овластувања, преку донесување одлуки спротивно на Законот за извршување на санкциите, а дел од нив и преку подготвување невистинита медицинска документација, со што му овозможиле на осуденикот (осуден на казна затвор во вкупно траење од 10 години и 7 месеци за убиство и за измама) да не ја издржува казната затвор и да биде на слобода, спротивно на Законот за извршување на санкциите и на Законот за кривична постапка.

Поконкретно, првопријавениот, во својство на судија за извршување санкции, се товари дека ги пречекорил границите на своето службено овластување така што во постапките за прекин на издржувањето на казната затвор, донел решенија за прекин на издржување на казната врз основа на ирелевантна медицинска документација, а донел и одлуки за прекин на издржувањето на казната затвор без воопшто да обезбеди мислење од затворската здравствена служба на КПУ „Идризово“.

Истиот донел и решение за прекин на издржувањето на казната затвор поради лекување од позиција на слободен граѓанин, спротивно на мислењето на затворската здравствена служба на КПУ „Идризово“, според која, пак, лекувањето требало да се врши во психијатриска установа од затворен тип. Решенијата за прекин на издржувањето на казната затвор биле спротивни и на седум мислења на Основното јавно обвинителство Прилеп, кои биле негативни во однос на донесување судска одлука за прекин на издржувањето на казната.

Пријавениот не презел службени дејства кои бил должен да ги преземе, односно ниту еднаш во 25 месеци, во периодот од 19 јули 2012 година до 26 септември 2014 година, додека осуденикот неосновано бил на слобода, не ги ставил надвор од сила решенијата на Основен суд Прилеп.

Исто така, првопријавениот не презел дејства на присилно спроведување за доиздржување на казната затвор во КПУ „Идризово“, иако знаел дека рокот на важење на прекините на издржување на казната во согласност со решенијата на Основен суд Прилеп бил истечен, овозможувајќи му на осуденикот само по основа на истечени рокови по решенијата, 138 дена неосновано да се наоѓа на слобода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кина не го одбила дипломатскиот статус на Фон дер Лајен, ниту, пак, таа чекала ред со редовните патници

Објавата погрешно интерпретира настан стар повеќе од една година, односно посетата на претседателката Урсула вон дер Лајен на Народна Република Кина. Никаде не се споменува дека ѝ бил одбиен...