fbpx

Убиено 14-годишно момче во Прилеп: уапсени се двајца, од кои едниот е малолетник

МВР соопшти дека денеска во 4 часот изутрина селото Сенокос, општина Долнени, уапсиле малолетник и уште едно лице, В.Т.(21), поради сомнение дека го сториле убиството

-

Четиринаесетгодишното момче, кое што беше убиено синоќа во центарот на Прилеп е од селото Сенокос, а полицијата има осомничен сторител.

Синоќа околу 20 часот во Прилеп случајни минувачи на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“ забележале повредено тело на дете. Веднаш повикале итна помош, но лекарите констатирале смрт.

МВР соопшти дека денеска во 4 часот изутрина селото Сенокос, општина Долнени, уапсиле малолетник и уште едно лице, В.Т.(21), поради сомнение дека го сториле убиството.

„Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во селото Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело“, велат од МВР.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, а тој го признал делото.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...