fbpx

Погребот на Навални во тензична атмосфера и под силно полициско обезбедување

Сопругата на Навални, Јулија Навалнаја, изјави дека не е сигурна дали погребот ќе помине во најдобар ред или дали полицијата ќе почне да апси граѓаните и поддржувачите кои ќе дојдат да се простат од Алексеј

-

Стотици луѓе се собрани зад металните полициски бариери кои го блокираат влезот во црквата каде што треба да се одржи богослужбата во Москва на опозицискиот лидер Алексеј Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин, пред неговиот погреб, пренесуваат светските медиуми.

Со големо полициско присуство, групите за човекови права ги предупредија ожалостените дека се можни апсења и немири. Навални ненадејно почина на 47-годишна возраст во затворската колонија во северна Русија – смрт која неговата вдовица Јулија Навалнаја и другите поддржувачи ја опишаа како „убиство“, но официјално се води како „природна причина“.

Портпаролката на починатиот Навални, Кира Јармус, на социјалната мрежа X напиша дека непознати лица телефонски им се заканувале на сопствениците на погребални возила, и затоа никој од нив не се согласува да го пренесе неговото тело на гробиштата.

Људмила Навалнаја, мајката на Навални изјави дека руските власти извршиле притисок врз семејството на Навални да избегне јавно збогување и погреб. Таа се трудеше да го врати телото и се соочи со бариери да изнајми сала, па дури и најде погребна кола.

Сепак, Иван Жданов, еден од соработниците на Навални, рече дека тимот ќе најде начин и решение за погребот.

Јулија Навалнаја изјави дека не е сигурна дали погребот ќе помине во најдобар ред или дали полицијата ќе почне да апси граѓаните и поддржувачите кои ќе дојдат да се простат од Алексеј. Имено, веднаш по смртта на Навални, неговите поддржувачи и граѓани излегоа на улиците да положат цвеќе за починатиот политичар и да запалат свеќи. Медиумите соошпштија дека тогаш биле уапсени околу 400 лица.

Европскиот парламент во четвртокот усвои резолуција во која се наведува дека руските власти, и лично Путин, „носат кривична и политичка одговорност за смртта на нивниот најсилен противник, Алексеј Навални“. Неговата вдовица го нарече Путин „крвав мафијаш“.

Најголемиот критичар на Путин ќе биде погребан во Маржино, на периферијата на Москва. Во средата, тимот објави дека комеморацијата ќе започне во 14:00 часот по московско време (12:00 часот по средноевропско) во црквата.

Погребот треба да се изврши на блиските гробишта Борисовскоје во 16:00 часот по московско време и ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Навални.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...