Прилепчанка прскала запалива течност во угостителски објект и се заканувала со пожар

К.И. е приведена во Полициска станица Прилеп десетина минути по телефонската пријава од сопственикот на објектот

Фото: Мета.мк

Полицајци во Прилеп вчера доцна вечерта ја уапсиле прилепчанката К.И.(32), под сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл. 288 од КЗ.

Случајот вчера околу 22 часот во ОВР Прилеп го пријавил Т.К.(61) од Прилеп, кој известил дека половина час претходно во неговиот угостителски објект во Прилеп влегла К.И. и со шише наполнето со запалива течност прскала по подот и се заканувала дека ќе го запали објектот.

К.И. е приведена во Полициска станица Прилеп десетина минути по телефонската пријава од сопственикот на објектот, и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.