fbpx

СДСМ: „Вистината за Македонија“ го разобличи Груевски

-

„Проектот „Вистината за Македонија“ го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници. Тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка“, пишува во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груевски најавува дека ќе се повлече, па се премислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив во министерствата што ги дава, па не ги дава за преодната влада, затоа сака да избега од обврските што ги презема со јунскиот договор. Со заклучоците на извршниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ директно потврди дека го кршат договорот од 2 јуни, на којшто се обврза Груевски лично со својот потпис. Груевски во договорот на 2 јуни се согласи на организација на влада која треба да спроведе фер и демокртаски избори, но потоа се исплаши токму од тие фер и демократски избори и затоа се обиде да го одолговлекува преговарачкиот процес. Сега Груевски е збунет дека е фатен во неговото сценарио и повеќе од јасно е дека е многу исплашен“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Во соопштението на партијата, пишува дека Груевски е навикнат да владее девет години и да ја лаже домашната и меѓународната јавност и дека се надевал лагата и овојпат да му помине.

„За СДСМ преговорите се неуспешни и, како што најавивме, ќе продолжиме со проектот „Вистината за Македонија“ и интензивно, со сите средства што ни стојат на располагање за враќање на слободата и на демократијата во Македонија“, реагираат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...