четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Хамас | 156 резултати

„Гардијан“: Шест месеци по конфликтот во Газа, Хамас е ослабен, но далеку од поразен

13 април 2024

Шест месеци по ненадејните напади што ги започна врз Израел, што го предизвика конфликтот во Газа, Хамас е ослабен и поделен, но далеку од поразен, велат експерти, официјални лица и извори блиски до милитантната исламистичка организација, а пренесува „Гардијан“. Хамас останува во контрола на делови од Газа, вклучувајќи ги и деловите каде што сега е […]

Шест месеци војна во Газа: Не се гледа крајот, пречките за мир се сè поголеми

7 април 2024

Нема крај на војната во Газа меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, која трае веќе шест месеци и во која животот го загубија десетици илјади луѓе, пишува германската агенција dpa. Преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас продолжуваат во Каиро, а израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се соочува со […]

Израел соопшти дека 170 вооружени напаѓачи од Газа биле убиени при рација на болница

23 март 2024

Над 170 вооружени лица се убиени за време на продолжената операција во главната болница во Газа, открија денес израелските сили. Сепак, според претставниците на Хамас, починатите лица идентификувани во израелските извештаи не биле борци, туку пациенти и раселени лица. Хамас го осудува Израел за наводни воени злосторства. Во попладневните часови во понеделникот, израелските војници влегле […]

Блинкен во посета на Израел додека САД повикуваат на итен прекин на огнот во Газа

22 март 2024

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тел Авив, Израел, во неговото шесто патување во регионот од почетокот на војната во Газа. Блинкен рече дека за време на разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот кабинет ќе сподели алтернативи за планираниот копнен напад на Израел врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, пренесе […]

Израелска рација во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа

18 март 2024

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација утрово во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во појасот Газа, во северниот главен град Газа, пренесува Гардијан. Според ИДФ, Хамас ги користи зградите на болницата како засолниште. ИДФ ги предупреди граѓаните во близината на болницата да се евакуираат во градот Ал-Муваси, 30 километри јужно од болницата. Во рок од неколку […]

Бајден: Нетанјаху повеќе го повредува отколку што му помага на Израел

10 март 2024

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ во пристапот кон војната против Хамас во Газа. Во вчерашно интервју за „MSNBC“, Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на […]

Израел-Газа: Се зголемуваат надежите за нов привремен договор за прекин на огнот

3 март 2024

Делегација на Хамас, наводно, пристигнала во Каиро, Египет, со што се зголемуваат надежите за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа, пишува Би-би-си. Неименуван американски функционер изјавил дека Израел „повеќе или помалку, го прифатил“ договорот. Од САД велат дека шестнеделната пауза ќе овозможи ослободување на повеќе израелски заложници и палестински затвореници. Притисокот за […]

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

13 февруари 2024

Американскиот Сенат, предводен од демократите, го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај зголемените сомнежи за судбината на предлог-законот во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците. Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и еднаш претходно го изгласаа „против“. На денешното гласање, сенаторите со 70 […]

Османи: Ако се прошири војната кон Рафах, ќе дојде до хуманитарна катастрофа

11 февруари 2024

Длабоко сум загрижен за предвиденото проширување на воената операција кон пограничниот град Рафах, каде што засолниште нашле над 1,3 милиони граѓани на Газа, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека ова може да доведе до хуманитарна катастрофа, со оглед на фактот дека поради затворената граница со Египет е невозможно […]

Израел со воздушни напади на Рафа, Борел предупреди на катастрофални последици

10 февруари 2024

Во воздушните напади во градот Рафа во Појасот Газа загинаа најмалку 28 лица, додека повеќе од милион цивили кои се засолнуваат во областа се подготвуваат за можноста за целосна израелска копнена офанзива на последното место кое се смета за релативно безбедна територија, пренесува Гардијан. Рафа е најјужниот град на палестинската територија што е погоден од […]

Секој граѓанин во Газа е гладен, од очај се јаде трева

9 февруари 2024

Хуманитарната организација „Екшн ејд Палестина“ предупредува дека нивото на глад во Газа е загрижувачки високо, велејќи дека секој човек во Газа е гладен. Дополнително, Палестинците во појасот имаат пристап до само 1,5 до 2 литра нечиста вода дневно, пренесува Гардијан. „Луѓето сега се толку очајни и гладни што јадат трева. Истовремено, инфекциите и болестите неконтролирано […]

Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас

8 февруари 2024

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги одби условите за примирје поставени од Хамас, нарекувајќи ги нивните барања „бизарни“, известува Би-би-си. Според него, може да се очекува победа за Израел во текот на следните месеци. „Ако Хамас преживее во Газа, ќе биде прашање на време кога ќе се случи следниот масакр. Не постои друго решение освен […]

Најсмртоносен ден за израелската армија во Газа – убиени 21 војник

23 јануари 2024

Израелската војска објави дека 21 нејзин војник загинале во Газа, што е најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивните копнени операции, јавува Би-Би-Си. Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека веројатно ракетна граната погодила резервоар во близина на двете згради во кои се наоѓале војниците. Војниците, како што се наведува, поставувале експлозив […]

Повеќе од 25.000 загинати од почетокот на израелската офанзива

22 јануари 2024

Повеќе од 25.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на конфликтот со Израел минатата година, изјавија од Министерството за здравство на Хамас. Би-би-си соопшти дека во последните 24 часа имало 178 смртни случаи што претставува еден од најсмртоносните денови во војната досега. Како што продолжуваат борбите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху продолжува да ја отфрла можност […]

Израел со напад врз Газа, додека се чека одговорот за ослободување на тројца заложници

15 јануари 2024

Израелските сили денеска бомбардираа цели на југот, северот и центарот на Газа, пред очекуваното соопштение на Хамас за судбината на тројца Израелци кои се држат како заложници од палестинската милитантна група, а беа прикажани на видео клип за време на викендот, јавува Ројтерс. Дванаесет Палестинци загинаа, а повеќемина се ранети во израелски воздушен напад во […]

Сто дена откако Хамас го нападна Израел, Нетанјаху: Никој нема да нè сопре

14 јануари 2024

Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас сè до победа и нема да биде сопрен од никого, па ниту од светскиот суд, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот говор додека борбите во Газа се наближија до својот стоти ден. Нетанјаху говореше откако меѓународниот суд на правдата во Хаг одржа дводневни сослушувања за наводите […]

Војната во Газа влегува во нова фаза за Израел

7 јануари 2024

Првичното ветување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по терористичките напади на Хамас од октомври 2023 година беше дека оваа терористичка група ќе биде целосно уништена. Сепак, Си-ен-ен во најновата анализа посочува дека израелската војска се префрла во нова фаза од војната против Хамас во Газа и има знаци дека и нејзините цели се менуваат. „Раководството […]

Блинкен ќе отпатува на Блискиот Исток, ќе го посети и Израел

4 јануари 2024

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска заминува на Блискиот Исток, при што ќе го посети и Израел. Во Израел ќе отпатува и американскиот дипломатски претставник Амос Хохштајн, во обид да ги смири тензиите меѓу земјата и Хезболах, вели во изјава за Ројтерс и Франс-прес висок американски функционер, кој инсистирал да остане анонимен. Ова ќе биде […]

Убиството на заменик-лидерот на Хамас го зголемува ризикот од ширење на војната во Газа

3 јануари 2024

Израел вчера го уби заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури во напад со беспилотно летало во главниот град на Либан, Бејрут, изјавија либански и палестински безбедносни извори, што го зголемува потенцијалниот ризик војната во Газа да се прошири многу подалеку од палестинската енклава, пренесува Ројтерс. Арури (57) е првиот висок политички лидер на Хамас кој беше […]

Хамас испука ракетен „рафал“ врз Израел во првите часови на новата година

1 јануари 2024

Малку по полноќ, односно по почетокот на новата 2024 година, припадниците на Хамас истрелале серија ракети врз територијата на Израел, јавија светските агенции. Со тоа, новата година за жителите на одредени региони на Израел почна со воздушна тревога. Засега нема податоци за штети и жртви. Истовремено, продолжи израелската копнена воена операција на територијата на Газа. […]

Страна 3 од 8