Таг: Хамас
таг: Хамас
Израелска рација во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа
Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија рација утрово во болницата Ал-Шифа, најголемата болница во појасот Газа, во северниот главен град Газа, пренесува Гардијан. Според ИДФ, Хамас ги користи зградите на болницата како засолниште.
ИДФ ги предупреди граѓаните во близината на болницата да се евакуираат во градот Ал-Муваси, 30 километри јужно од болницата. Во рок од неколку часа од почетокот на рацијата,...
Бајден: Нетанјаху повеќе го повредува отколку што му помага на Израел
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ во пристапот кон војната против Хамас во Газа.
Во вчерашно интервју за „MSNBC“, Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на изгубените невини животи како последица...
Израел-Газа: Се зголемуваат надежите за нов привремен договор за прекин на огнот
Делегација на Хамас, наводно, пристигнала во Каиро, Египет, со што се зголемуваат надежите за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Газа, пишува Би-би-си.
Неименуван американски функционер изјавил дека Израел „повеќе или помалку, го прифатил“ договорот.
Од САД велат дека шестнеделната пауза ќе овозможи ослободување на повеќе израелски заложници и палестински затвореници.
Притисокот за договор се засили по инцидентот во четвртокот...
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван
Американскиот Сенат, предводен од демократите, го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај зголемените сомнежи за судбината на предлог-законот во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците.
Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и еднаш претходно го изгласаа „против“.
На денешното гласање, сенаторите со 70 гласови „за“ и 29 „против“ го...
Османи: Ако се прошири војната кон Рафах, ќе дојде до хуманитарна катастрофа
Длабоко сум загрижен за предвиденото проширување на воената операција кон пограничниот град Рафах, каде што засолниште нашле над 1,3 милиони граѓани на Газа, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека ова може да доведе до хуманитарна катастрофа, со оглед на фактот дека поради затворената граница со Египет е невозможно да се придвижи понатаму...
Израел со воздушни напади на Рафа, Борел предупреди на катастрофални последици
Во воздушните напади во градот Рафа во Појасот Газа загинаа најмалку 28 лица, додека повеќе од милион цивили кои се засолнуваат во областа се подготвуваат за можноста за целосна израелска копнена офанзива на последното место кое се смета за релативно безбедна територија, пренесува Гардијан.
Рафа е најјужниот град на палестинската територија што е погоден од жестоката офанзива на Израел по...
Секој граѓанин во Газа е гладен, од очај се јаде трева
Хуманитарната организација „Екшн ејд Палестина“ предупредува дека нивото на глад во Газа е загрижувачки високо, велејќи дека секој човек во Газа е гладен. Дополнително, Палестинците во појасот имаат пристап до само 1,5 до 2 литра нечиста вода дневно, пренесува Гардијан.
„Луѓето сега се толку очајни и гладни што јадат трева. Истовремено, инфекциите и болестите неконтролирано се шират. Единственото нешто што...
Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги одби условите за примирје поставени од Хамас, нарекувајќи ги нивните барања „бизарни“, известува Би-би-си. Според него, може да се очекува победа за Израел во текот на следните месеци.
„Ако Хамас преживее во Газа, ќе биде прашање на време кога ќе се случи следниот масакр. Не постои друго решение освен целосна и конечна победа“, изјавил...
Најсмртоносен ден за израелската армија во Газа – убиени 21 војник
Израелската војска објави дека 21 нејзин војник загинале во Газа, што е најсмртоносниот ден за израелските сили од почетокот на нивните копнени операции, јавува Би-Би-Си.
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека веројатно ракетна граната погодила резервоар во близина на двете згради во кои се наоѓале војниците.
Војниците, како што се наведува, поставувале експлозив во зградите за да ги урнат,...
Повеќе од 25.000 загинати од почетокот на израелската офанзива
Повеќе од 25.000 луѓе загинале во Газа од почетокот на конфликтот со Израел минатата година, изјавија од Министерството за здравство на Хамас. Би-би-си соопшти дека во последните 24 часа имало 178 смртни случаи што претставува еден од најсмртоносните денови во војната досега.
Како што продолжуваат борбите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху продолжува да ја отфрла можност за создавање палестинска држава.
Белата куќа...
Израел со напад врз Газа, додека се чека одговорот за ослободување на тројца заложници
Израелските сили денеска бомбардираа цели на југот, северот и центарот на Газа, пред очекуваното соопштение на Хамас за судбината на тројца Израелци кои се држат како заложници од палестинската милитантна група, а беа прикажани на видео клип за време на викендот, јавува Ројтерс.
Дванаесет Палестинци загинаа, а повеќемина се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта врз куќа...
Сто дена откако Хамас го нападна Израел, Нетанјаху: Никој нема да нè сопре
Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас сè до победа и нема да биде сопрен од никого, па ниту од светскиот суд, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот говор додека борбите во Газа се наближија до својот стоти ден.
Нетанјаху говореше откако меѓународниот суд на правдата во Хаг одржа дводневни сослушувања за наводите на Јужна Африка дека Израел...
Војната во Газа влегува во нова фаза за Израел
Првичното ветување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по терористичките напади на Хамас од октомври 2023 година беше дека оваа терористичка група ќе биде целосно уништена. Сепак, Си-ен-ен во најновата анализа посочува дека израелската војска се префрла во нова фаза од војната против Хамас во Газа и има знаци дека и нејзините цели се менуваат.
„Раководството на израелската војска многу добро...
Блинкен ќе отпатува на Блискиот Исток, ќе го посети и Израел
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска заминува на Блискиот Исток, при што ќе го посети и Израел. Во Израел ќе отпатува и американскиот дипломатски претставник Амос Хохштајн, во обид да ги смири тензиите меѓу земјата и Хезболах, вели во изјава за Ројтерс и Франс-прес висок американски функционер, кој инсистирал да остане анонимен.
Ова ќе биде четврта посета на американскиот државен...
Убиството на заменик-лидерот на Хамас го зголемува ризикот од ширење на војната во Газа
Израел вчера го уби заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури во напад со беспилотно летало во главниот град на Либан, Бејрут, изјавија либански и палестински безбедносни извори, што го зголемува потенцијалниот ризик војната во Газа да се прошири многу подалеку од палестинската енклава, пренесува Ројтерс.
Арури (57) е првиот висок политички лидер на Хамас кој беше убиен откако Израел ја започна...
Хамас испука ракетен „рафал“ врз Израел во првите часови на новата година
Малку по полноќ, односно по почетокот на новата 2024 година, припадниците на Хамас истрелале серија ракети врз територијата на Израел, јавија светските агенции. Со тоа, новата година за жителите на одредени региони на Израел почна со воздушна тревога. Засега нема податоци за штети и жртви.
Истовремено, продолжи израелската копнена воена операција на територијата на Газа. Убиени се најмалку 35 луѓе,...
Хамас ќе пристигне во Египет за преговори за примирје
Се очекува делегација на Хамас денес да пристигне во Каиро за преговори за примирје. Гардијан известува дека извори блиски до Хамас велат оти договорот кој Египет ќе го понуди на Хамас вклучува привремени примирја, размена на затвореници, што надежно би довеле до крај на војната.
Претставник од Хамас изјави дека се „отворени за секакви идеи и планови за прекин на...
Нетанјаху одбива да преговара за иднината на Газа
Додека Израел ја проширува и засилува својата офанзива во Газа таргетирајќи кампови за бегалци, премиерот Бенјамин Нетанјаху одбива средби и преговори во врска иднината на појасот Газа во однос на нејзиното управување, откако ќе бидат постигнати воените цели на Израел, известува Гардијан.
Премиерот одбил три барања за средба од Мосад (разузнавачката агенција), Шин бет (безбедносната агенција) и одбранбените сили.
„Времето истекува,...
Бројот на убиени во Газа од почетокот на војната надмина 20.000
Како што хуманитарната состојба во Газа континуирано се влошува, така и преговорите за примирје во регионот континуирано се комплицираат. Според Министерството за здравство во Газа, бројот на жртви во Газа надминал 20.000, известува Би-би-си.
Советот за безбедност на Обединетите нации повторно го одложи гласањето за примирје во Газа, со цел реформулирање на резолуцијата за да биде прифатлива за САД. Претставници...
Болницата „Ал-Шифа“ во Газа е во локви крв, предупредува СЗО
Одделот за итни случаи во болницата „Ал-Шифа“ во северниот дел на Газа е „во локви крв“ и на установата „ѝ треба реанимација“, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Оттаму информираа дека десетици илјади раселени луѓе ја користат зградата на болницата и терените како засолниште и предупреди дека има сериозен недостиг од вода за пиење и храна.
Салите за операции не функционираат...