fbpx

Израел започна офанзива на југот од Газа, се подготвува и систем на водени пумпи за поплавување на тунелите на Хамас

Израелската војска соопшти дека презема „агресивна“ акција против Хамас и другите вооружени групи во Кан Јунис во јужниот дел на Газа. Наредена е евакуација на една петина од градот, а во областа имало дополнително силно бомбардирање во текот на ноќта

-

Обединетите нации предупредуваат за уште попеколно сценарио во Појасот Газа, каде операциите за помош може да бидат неспособни да одговорат, пишува Би-би-си.

Израелската војска соопшти дека презема „агресивна“ акција против Хамас и другите вооружени групи во Кан Јунис во јужниот дел на Газа. Наредена е евакуација на една петина од градот, а во областа имало дополнително силно бомбардирање во текот на ноќта.

Околу 100 камиони со помош влегле во Газа во последните два дена, но испораката низ целата територија е попречена поради борбите.

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, кој бил во Газа до почетокот на оваа недела, го споделил своето мислење за ситуацијата во енклавата со Би-би-си.

Имено, израелската војска соопшти дека фрлала летоци со QR-кодови со кои се отвора мапа што ги води жителите на Газа до побезбедни области, но Елдер забележува дека прекините во електричната мрежа значат дека многумина нема да имаат телефони за да ги скенираат шифрите.

Тој, исто така, за Би-би-си вели дека таканаречените „безбедни зони“ се „опасен лажен наратив“.

„Тоа се делови од пуста земја, каде нема вода, нема капацитети, засолниште од студот, ниту санитарни услови“. Доколку сакате насилно да евакуирате луѓе, не можете да испратите стотици илјади луѓе на места каде што нема вода и нема тоалети. Немаат ниту тоалет, немаат капка вода“, изјавува тој додавајќи дека „безбедните зони ќе станат зони на болести“.

„Единствената безбедност во Газа сега е да запре пеколот“, додава Елдер.

Ројтерс, но и други светски агенции пишуваат дека Израел подготвува голем систем на пумпи за вода што би можел да ги искористи за да ги поплави тунелите на Хамас под Појасот Газа, во обид да ги протера од нив борците на палестинската милитантна група.

Во средината на ноември, израелската војска ја заврши инсталацијата на најмалку пет пумпи на околу два километри северно од бегалскиот камп Ал Шати, кои би можеле да испуштат илјадници кубни метри вода на час, поплавувајќи ги тунелите на палестинските милитанти за неколку недели.

Не е познато дали Израел ќе размисли за користење на пумпите пред да бидат ослободени сите заложници, кои ги држеше Хамас од почетокот на конфликтот, се вели во извештајот.

Хамас претходно објави дека држи затвореници на „безбедни места и во тунели“.

Волстрит журнал објави дека израелски воен функционер одбил да го коментира планот за поплавување на тунелите, но изјавил дека „војската работи на уништување на терористичките капацитети на Хамас на повеќе начини, користејќи различни воени и технички алатки“.

Според американскиот весник, Израел ги известил САД за оваа опција минатиот месец, но во Вашингтон во моментов не знаат колку владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху е блиску до спроведување на овој план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...