fbpx

Хамас нема да ослободи повеќе заложници ако истото не го стори и Израел

За време на претходното примирје, кое траеше од 24 до 30 ноември, беа ослободени 105 заложници од Хамас и 240 Палестинци од израелските затвори

-

Хуманитарната ситуација продолжува да се влошува, а се чини дека шансата за постигнување договор за примирје станува сè помала, известува Би-би-си и додава дека Хамас не е подготвен да ослободи повеќе заложници сè додека Израел не се согласи да ослободи палестински затвореници.

За време на претходното примирје, кое траеше од 24 до 30 ноември, беа ослободени 105 заложници од Хамас и 240 Палестинци од израелските затвори.

Во меѓувреме, продолжува офанзивата на Израел во Газа. Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху вели дека сегашната војна го претставува „почетокот на крајот на Хамас“. Забележани се израелски тенкови во градот Хан Јунис, каде му беше наредено на локалното население да го напушти градот.

Светската здравствена организација донесе резолуција со која се бара непречена изработка на својата хуманитарна работа. Предупредуваат дека во Газа има здравствена катастрофа, со многу повредени и со голем ризик за ширење на болести како жолтица и хепатит А. Велат дека нема да можат да си ја извршуваат својата работа без примирје, а дека очекуваат условите да се влошат како што ќе дојде зимата.

„Кој нема да умре од бомбардирањето, ќе умре на улица. Сите се молиме зимата некако магично да се одложи. Веќе е ужасно е без дожд и невремиња. Кога ќе почне да редовно врне, луѓето ќе умираат“, за Гардијан вели Ханин Вишах, работник во палестинска хуманитарна организација.

Соединетите Американски Држави гласаа против резолуција во Советот за безбедност во ОН за примирје во Газа. Обединетото кралство беше воздржано во гласањето. Покрај ваквото гласање, Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вели дека ќе продолжи да се бори за примирје во Газа. Се очекува утре да се одржи итна средба на Генералното собрание на ОН.

Палестински организации повикаа на генерален светски штрајк во поддршка на примирје во Газа. На Западниот брег забележливи се празните улици и затворените продавници, известува Гардијан.

На военото поле вон границите на Израел и Палестина, забележани се израелски воздушни напади врз Либан и Сирија. Се смета дека околу сто либански членови на Хезболах умреле од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој започна на 7 октомври.

Дополнително, според Гардијан, ова утро е забележан напад врз Израел од осум либански ракети. Сите ракети биле соборени и не се забележани повредени или загинати лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...