fbpx
Таг: Хамас

таг: Хамас

Хамас испука ракети, Израел бомбардираше од воздух, двајца Палестинци загинаа

Двајца Палестинци се убиени во судирите со израелската војска во Газа, а од почетокот на судирите биле повредени 1.100 луѓе, соопшти палестинското Министерство за здравство. Судирите продолжија вчера и денеска, како ескалации на муслиманското востание по признавањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Ерусалим за главен град на Израел. Израелските војници застрелале 30-годишен маж близу Кан Јунес, додека учествувал во...

Хамас повика на „интифада“, Израел испраќа војска на Западниот Брег

Палестинското движење Хамас денеска ги повика своите приврзаници на интифада, востание на Плаестинците, откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел. - Треба да работиме на поведување „интифада“ против циоистичките непријатели – изјави лидерот на Хамас, Исамил Ханијех, во денешниот говор пред Палестинците кои протеестираа во Појасот Газа. Трамп вчера донесе одлука да го признае Ерусалим за...

Хамас и Фатах постигнаа договор

Главниот лидер на палестинското исламско движење Хамас изјави дека постигнале договор со претседателот на ривалското движење Фатах за контролата на Појасот Газа. Лидерот на Хамас, Исмаил Хани, најави дека детали од договорот ќе бидат објавени денеска во Каиро. Хамас раководи со Појасот Газа повеќе од една деценија откако на сила ја презеде контролата од силите лојални на умереното и секуларно движење...

Израел веќе нема да ги враќа телата на убиените Палестинци

Израел најави дека веќе нема да ги враќа посмртните останки на палестинските екстремисти, туку дека ќе ги погребува. Одлуката е донесена како настојување на Израел да изврши притисок на Хамас да ги врати двајцата Израелци кои, како што се верува, се држат како заложници. - Политичко-безбедносниот кабиент расправаше за политиката на третман на телата на терористите од Хамас убиени за време...

Махмуд Абас повторно на чело на Фатах

Раководството на палестинското движење Фатах денеска на конференција едногласно повторно му додели на претседателот Махмуд Абас уште еден петгодишен мандат. Претставникот на партијата, Салим Заноун, побара од делегатите на собирот со консензус да го поддржат Абас. Повеќе стотини делегати станаа и му аплаудираа на Абас, кој потоа го прегрна Заноун. Се очекува петдневната конференција да ја зацврсти контролата на Абас во Фатах и да...

Израел бомбардираа цели на Хамас во појасот Газа

Израелските воздухопловни сили утринава бомбардирале неколку објекти на палестинското движење Хамас во појасот Газа, јавуваат светските агенции. Нападите се извршени како одговор на синоќешните ракетни напади врз Јужен Израел. Израелската армија соопшти дека мета на денешните нападите биле два кампа за воена обука и уште две воени бази на Хамас. Палестинските извори јавуваат дека израелските напади биле насочени кон четири објекти во...

Израел бомбардирал терористичко упориште на Хамас во појасот Газа

Израел утринава извел воздушен напад во појасот Газа како одговор на ракетниот напад на југот на израелската територија, соопшти војската. „Израелското воздухопловство нападнало терористичко упориште на Хамас на северот на појасот Газа“, објави војската. Ракетата истрелана од појасот Газа синоќа падна на пуст терен на југот на Израел, при што немало жртви, јави претходно војската. На 30 септември, како одговор на ракетниот...

Египет го тргна Хамас од листата на терористички организации

Египетскиот Апелациски суд денеска ја поништи правосилната одлука со која палестинското исламистичко движење Хамас беше класифицирано како терористичка организација. - Оваа одлука беше поништена поради тоа што судот кој ја донел, немал надлежност да одлучува за такви работи – изјави неименуван судски претставник. Судот на 28 февруари пресуди дека Хамас е терористичка организација, а активностите на исламското движење што го контролира појасот Газа,...

Египетски суд го прогласи Хамас за терористичка организација

Египетски суд денеска ја прогласи палестинската организација Хамас, која го контролира појасот Газа, за терористичка организација. Пресудата ја донел египетскиот Суд за итни постапки, со кој претседава судијата Мохамед ел-Сајед. Египетскиот суд минатиот месец го забрани дејствувањето на военото крило на Хамас, бригадата Изедин ал-Касам, која, исто така, е прогласена за терористичка оргнизација. Денешната пресуда дополнително ќе го изолира Хамас, кој...

ЕУ бара Хамас да се врати на листата на терористички организации

Европска Унија и понатаму ја смета Хамас за терористичка организација и планира да ја обжали одлуката на Општиот суд на ЕУ да се отстрани од црната листа, соопшти денеска Европската комисија. Комисијата во соопштението наведува дека одлуката на судот е правна и оти не станува збор за политичка одлука која се однесува на владата на Унијата. Таа додаде дека ЕУ во...

ЕУ ја отстранува Хамас од листата на терористички организации

Општиот суд на Европска Унија денеска нареди палестинската организација Хамас да се отстрани од листата на терористички организации, на која се најде пред 13 години. Судот во декември 2001 година донесе одлука да се забрани Хамас и да се замрзнат имотите на претставниците на организацијата. Во соопштението се наведува дека воведените мерки биле темелени на наводите на медиумите, а не врз испитани...

Еден загинат и осуммина повредени во терористички напад во Ерусалим

Возач со автомобил денеска удрил во група пешаци на сообраќајница во Ерусалим, а потоа излегол од возилото и почнал да ги напаѓа луѓето со метална шипка сè додека не бил убиен од полицијата, јавуваат израелските медиуми. Девет лица биле повредени во нападот, од кои тројца тешко. Тие биле пренесени во болницата „Хадаш“, каде еден им подлегнал на повредите, изјавил за израелското...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...