fbpx

ЕУ бара Хамас да се врати на листата на терористички организации

-

Европска Унија и понатаму ја смета Хамас за терористичка организација и планира да ја обжали одлуката на Општиот суд на ЕУ да се отстрани од црната листа, соопшти денеска Европската комисија.

Комисијата во соопштението наведува дека одлуката на судот е правна и оти не станува збор за политичка одлука која се однесува на владата на Унијата. Таа додаде дека ЕУ во догледно време ќе преземе „соодветни корективни мерки, вклучувајќи и можна жалба“.

Европскиот суд денеска одговори на жалбата на Хамас и заклучи дека палестинската група треба да се отстрани од листата на ЕУ на терористички организации, но наведе дека одлуката е донесена од процедурални причини, а не врз основа на суштинско проценување на дејствувањето на Хамас.

Судот ги остави замрзнати имотите на членовите на Хамас во следните три месеци, кога повторно ќе се разгледува одлуката.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по одлуката, побара од ЕУ „веднаш“ да се врати Хамас на листата на терористички организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...