fbpx

ЕУ ја отстранува Хамас од листата на терористички организации

-

Општиот суд на Европска Унија денеска нареди палестинската организација Хамас да се отстрани од листата на терористички организации, на која се најде пред 13 години.

Судот во декември 2001 година донесе одлука да се забрани Хамас и да се замрзнат имотите на претставниците на организацијата.

Во соопштението се наведува дека воведените мерки биле темелени на наводите на медиумите, а не врз испитани дела и потврдени одлуки на компетентни дела. Исто така, судот наведува дека ги прифатила жалбите на Хамас, во кои се наведува дека „легитимно избрана влада не може да биде етикетирана како терористичка организација бидејќи тоа се коси со принципот на немешање во внатрешните државни работи“.

Забраната привремено останува на сила за да се овозможи идно замрзнување на средствата до истекот на тримесечниот жалбен период.

Израелските власти веднаш ја осудија ваквата одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...