fbpx

Една четвртина од старите луѓе во Македонија се психички малтретирани

-

25,7 проценти од луѓето повозрасни од 65 години во Македонија се психолошки малтретирани, 12 проценти финансиски се злоупотребени, занемарени се 6,6 проценти и физичка се малтретирани  5,7 отсто, покажало истражувањето на Светската здравствена организација (СЗО). Од оние возрасни граѓани што изјавиле дека се злоупотребувани и малтретирани, 5,6 проценти биле злоупотребени по една основа, но тоа се случувало често (најмалку еднаш месечно), додека 15,7 проценти од испитаниците рекле дека се злопотребувани често по повеќе основи. Истражувањето за распространетоста на малтретирањето на постарите луѓе било спроведено на репрезентативен примерок на лица постари од 65 години, кои живеат во сопствени домови, во различни региони во земјата, а од испитаниците 530 биле жени (55,3 проценти) и 430 мажи (44,7 проценти).

Според истражувањето, сторителот е најчесто член на семејството. Фактори на ризик се жените, луѓето со физичко или ментална лошо здравје, како и луѓето со пониски приходи во домаќинството или со помал степен на образование.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...