fbpx

Израелски војници со тенкови влегле во најголемата болница во Газа

САД за прв пат го поддржа Израел во тврдењето дека главната болница во Газа се користи како база на Хамас

-

Израелската војска извршува „прецизна и таргетирана“ операција во најголемата болница во Газа, Ал-Шифа. Израелската војска веќе подолго време тврди, според нивни разузнавачки информации, дека болницата служи како база за Хамас, известува Би-би-си. САД за прв пат го поддржи Израел во ова тврдење, повикувајќи се на своја разузнавачка информација.

Хамас негира дека болницата е користена од нивни оперативци и велат дека израелската операција во болницата е „воено злосторство“. Исто така, тие велат дека поддршката на Белата куќа им го дало „зеленото светло“ на Израел да влезат во болницата.

Новинар во болницата, Кадер Занун, за Би-би-си вели дека видел околу 100 војници и шест тенкови како влегле во болницата. Според него, израелските војници фрлиле димна бомба која ги натерала луѓето во болницата на задушување.

Според Занун, израелските војници влегле од соба во соба и ги испрашувале пациентите и сите вработени во болницата. Потоа, тие на разглас им наредиле на сите мажи од 16 до 40 години, освен тие од ургентниот центар и од делот за операции, да излезат во дворот за да бидат проверени. Новинарот за Би-би-си иницијално рекол дека не чул пукање, но оти чул пукање во воздух од израелските војници, за да ги натераат мажите да излезат.

Дополнително, Занун вели дека израелските сили донеле апарат за скенирање за безбедносни цели, низ кој мажите биле наредени да поминат.

Сепак, од Би-би-си велат дека не можат засега независно да ги потврдат информациите кои Занун ги пренесува.

Во објава на Х, израелските одбранбени сили велат дека се бореле против терористички единици и експлозиви, но Би-би-си велат дека не можат да ја потврдат оваа информација.

Белата куќа му порача на Израел да се осигури да не умрат невини луѓе во болницата.

Откако изминатите денови вработените во болницата рекоа дека биле принудени да извадат многу бебиња од инкубатори поради немањето струја, Израел денес изјави дека донеле инкубатори во болницата. Но, од хуманитарни организации велат дека им треба гориво за струја, а не инкубатори. Израел нема дозволено гориво да влезе во Газа од почетокот на конфликтот кој започна на 7 октомври.

Условите во болницата беа загрижувачки изминатите денови откако израелските сили ја опкружија. Од Светската здравствена организација рекле дека болницата наликува „речиси на гробишта“.

СЗО: Главната болица во Газа наликува на гробница

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...