fbpx

Против сезонски грип досега вакцинирани над 29.000 граѓани

Вакцинацијата непречено се одвива во центрите за јавно здравје и во здравствените домови низ земјава

-

Над 29.000 граѓани досега биле вакцинирани против сезонски грип, информира Министерството за здравство. За бесплатна вакцинација против сезонски грип досега се пријавиле 58.012 граѓани. Вакцинацијата непречено се одвива во центрите за јавно здравје и во здравствените домови низ земјава.

„Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица“, информираат од Министерството за здравство.

Од таму потсетуваат дека сите заинтересирани лица можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на веб страницата – vakcinacija.mk, а потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

„Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на купени вакцини, при што се купени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.  Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“, порачуваат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Климатските промени не се нова „пландемија“, туку реалност и научно се докажани

Климатските промени беа во фокусот на Светскиот економски форум (СЕФ) во 2021 година, но тие се високо на агендата и во последниве години и тука нема ништо спорно. Наспроти...