вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: градски паркинг | 40 резултати

Градски паркинг: Ако не ги обновите договорите за паркинг ќе се смета дека се откажувате од паркинг местата

декември 22, 2022

Од јавното претпријатие Градски паркинг Скопје ги потсетуваат станарите и вработените што користат паркинг простор дека треба да ги обноват договорите и да ажурираат податоците до крајот на тековната 2022 година, односно во следните 8 дена. Како што велат оттаму, рокот за ревизија на договорите истекува а сите што нема даги обноват договорите и ажурираат […]

Тетовски „Градски паркинг“ не кажува зошто наплаќа од граѓаните за паркинзи што не се пуштени во употреба

септември 29, 2022

Иако зонските паркинзи Б9 и Б14 во Тетово сè уште не се пуштени во употреба, системот веќе неколку недели наплатува од граѓаните кои паркираат таму и испраќаат СМС пораки. Граѓаните праќаат пораки затоа што ЈП „Градски паркинг“-Тетово има поставено табла со известување дека мора да се прати порака за паркирање, но не сметале дека системот […]

Порталб: Планот за паркинзи во Тетово не се реализираше во првиот квартал од годинава како што беше ветено

април 7, 2022

Иако беше планирано, во периодот јануари-март 2022 година да се додадат 230 нови затворени паркинг места, Општина Тетово не успеа да реализира ниту едно. Во овој период беше планирано да се додадат 195 зонски паркинг места, сепак досега се додадени само 72 нови зонски паркинг места. Проширувањето на зонското паркирање во оваа точка не подразбира […]

„Градски паркинг“ ќе го средува хаосот на паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

јануари 15, 2022

Тројца вработени во „Градски Паркинг“ заедно со вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје од понеделник ќе прават ред и ќе го организираат паркирањето во кругот околу болниците. Истовремено, јавното претпријатие се обврза да постави и дополнителни патокази за известувања со цел подобра организација на паркинг просторот, а во иднина во соработка со Градот […]

ПОЦ нема да ја намалува цената за паркирање, недостатокот на места и сега е голем

декември 14, 2021

Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) не планира да прави корекција на постојните цени за паркирање на паркинзите со коишто стопанисуваат во центарот на Скопје. Нивното објаснување доаѓа откако новата скопска градоначалничка Данела Арсовска најави, а ЈП „Градски паркинг“ веќе се подготвува за намалување на цената за паркирање на нивните паркинзи за 25 отсто. […]

За електричните автомобили и хибридите не секаде има бесплатен паркинг во земјава

октомври 3, 2021

Сопствениците на електрични и хибридни возила во земјава не секаде може да го остварат правото на бесплатен паркинг. Иако овие возила имаат минимално учество во загадувањето на воздухот, општинските власти имаат различни аршини во однос на давањето поволности за нив. Инаку, токму транспортот се наоѓа на второто место помеѓу главните причинители на аерозагадувањето во македонските […]

Старите велосипеди се продаваат, нема нов систем за изнајмување велосипеди во Скопје

февруари 1, 2021

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе продава 4 тротинети, 7 електрични велосипеди и 22 обични велосипеди кои беа набавени за изнајмување од страна на граѓаните, јавува СДК.МК. Станува збор за велосипеди кои беа дел од претходниот проект „Изнајми велосипед“ кој стартуваше во главниот град пред повеќе од 10 години. Освен дека ќе бидат отуѓени по […]

Поради корона кризата, догодина ќе нема инвестиции во изградба на нови паркинзи во Скопје

декември 16, 2020

Големите финансиски загуби на јавните претпријатија годинава ќе доведат до одложување на планираните капитални инвестиции во изградба на нови јавни паркинзи и монтажни гаражи за решавање на проблемот со паркирањето во Скопје. Големиот број проблеми со паркирањето во главниот град, за што „Мета.мк“ веќе подолго време пишува, и понатаму ќе се решава единствено со интервенции […]

Град Скопје во среда треба да одлучи дали ќе го одобри поскапувањето на паркинзите

декември 7, 2020

На седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи во среда, советниците ќе треба да одлучат дали ќе го прифатат барањето за поскапување на паркирањето на паркинзите со кои раководи Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје. Претпријатието бара еден час паркирање во зона А наместо 45 да биде 50 денари, во зона Б […]

Секој паркинг во Скопје со свои правила, граѓаните станаа експерти за паркирање за да не добијат казна

декември 7, 2020

Секој паркинг на ЈП „Градски паркинг“ или ЈП „Паркинзи на општина Центар“ си има свои правила за паркирање, кои доколку граѓаните не ги познаваат добро, резултира со кревање на нивното возило од пајак-службата или поставување на блокатор на возилото. Негативните реакции на граѓаните во главниот град се секојдневни, а многумина обвинуваат дека различните правила за […]

Порталб.мк: ЈП „Градски паркинг“ Тетово во вториот обид успеа да обезбеди банкарски заем од 100.000 евра

ноември 27, 2020

На вчерашната седница на Советот на општина Тетово одобрен е заем од 6 милиони денари (околу 100.000 евра) на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Тетово, постапка што на претходната седница не беше изгласана поради немање кворум. Одлуката не беше поддржана од опозициските советници. Горан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ бараше смена на директорот или на некој друг […]

Порталб: Во Тетово сообраќајниот хаос останува проблематичен, загрозени се и учениците

октомври 9, 2020

Припадници на неколку јавни институции и невладини организации вчера одржаа состанок во Тетово за да разговараат за безбедноста на учениците во училиштата. Еден од најголемите проблеми кој беше посебно истакнат е густиот сообраќај во градот, што според еден од присутните директори „го загрозува животот на учениците“. За ова, припадникот на полицијата рече дека проблемот не […]

ПОЦ со три нови паркиралишта во Центар, во Карпош сè уште се чека на зонско паркирање

октомври 5, 2020

Хроничниот проблем со недостиг на паркинг места во главниот град се решава на различен начин низ скопските општини. Двете јавни претпријатија кои управуваат со паркинзите во Скопје веќе подолг период регистрираат поголем број на издадени бесплатни дозволи за паркирање од бројот на паркинг места со коишто тие располагаат. Ситуацијата е најкритична во центарот на Скопје, […]

За првпат по осум години, лани опаднал бројот на регистрирани автомобили во Скопје (инфографик)

јули 25, 2020

По осум години континуирано зголемување на бројот на регистрирани автомобили во Скопје, лани за првпат забележано е намалување на патничките моторни возила со скопски регистарски таблички, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2019 година во главниот град биле регистрирани 148.892 автомобили, односно за скромни 592 вакви возила помалку во споредба со претходната година. […]

Бесплатните дозволи за паркирање за 13 пати побројни од паркинг местата на „Градски паркинг“ (инфографик)

јули 21, 2020

Хроничниот недостиг на места за паркирање во Скопје континуирано се зголемува низ годините. Податоците за 2019 година покажуваат дека бројот на издадени бесплатни дозволи за паркирање на станарите е за 13 пати поброен од бројот на паркинг места со кои располага ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, се наведува во Годишниот извештај за работењето на ова […]

Пајакот на Градски паркинг за пет години собрал 2 милиони евра од непрописно паркирање (инфографик)

јули 3, 2020

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје минатата година ја завршил со зголемени приходи од работењето, а пајак – службата имала зголемен обем на работа во споредба со претходните години. Возилата на пајак – службата лани собрале 15.412 непрописно паркирани возила од скопските улици, тревници и паркинзи, при што овој сектор остварил нето приход од 423.034 евра, […]

Антикорупциска отвори постапка за ЈП „Градски паркинг – Тетово“ по неповолниот ревизорски извештај

јуни 9, 2020

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска отвори постапка за Јавното претпријатие „Градски паркинг – Тетово“, откако го разгледа извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Државниот завод за ревизија за работата на ова претпријатие за 2018-та година, во кој се најдоа серија на законски прекршувања, пренесува „Порталб.мк“. – Денеска […]

Пуштен во употреба новиот паркинг во Клинички центар кај Гинеколошка клиника

мај 20, 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерот за здравство Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период. Воедно, тие информираа дека новиот паркинг кај Гинеколошката клиника е пуштен во употреба. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за […]

Град Скопје најави 200 нови паркинг места до Инфективна клиника откако ќе заврши корона кризата

мај 13, 2020

Откога целосно ќе заврши епидемијата со корона вирусот во земјава, на локацијата на која е поставена монтажната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби може да се изгради паркинг со капацитет од околу 200 паркинг места. Станува збор за една од двете локации во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на кои Градот […]

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

мај 8, 2020

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. […]

Страна 1 од 2