Бесплатно ќе биде паркирањето за време на божиќните празници – утре и задутре – на јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8 Септември, соопштуваат од јавното претпријатие Градски паркинг.
„Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година.
Кочо Рацин, Градска болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите“, информираат оттаму.