fbpx

Градски паркинг: Ако не ги обновите договорите за паркинг ќе се смета дека се откажувате од паркинг местата

-

Од јавното претпријатие Градски паркинг Скопје ги потсетуваат станарите и вработените што користат паркинг простор дека треба да ги обноват договорите и да ажурираат податоците до крајот на тековната 2022 година, односно во следните 8 дена.

Како што велат оттаму, рокот за ревизија на договорите истекува а сите што нема даги обноват договорите и ажурираат податоците ќе се смета дека се откажуваат од паркинг местата.

„Ако корисниците на електронските картици за затворении паркиралишта како и заведените лица за зонско паркирање во нашиот систем по горенаведените основи не ги ажурираат своите податоци и не ги обноват договорите додека трае ревизијата, како претпријатие ќе сметаме дека истите се откажуваат од користење на овие услуги за следната календарска 2023 година“, велат оттаму.

Ажурирање на податоците и обнова на договор корисниците на градски паркинг може да извршат во канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кои се наоѓаат во Центар на ул. Ѓуро Стругар“ бр. 15А (до катната гаража „Беко“), или во Аеродром на бул. „Јане Сандански“ бр.113, во зависност во кој реон се користи паркингот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...