fbpx

Пуштен во употреба новиот паркинг во Клинички центар кај Гинеколошка клиника

-

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерот за здравство Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период. Воедно, тие информираа дека новиот паркинг кај Гинеколошката клиника е пуштен во употреба. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да прими 150 возила.

– Веќе се видливи измените коишто инфраструктурно се направени овде, освен посебниот влез за возилата на итна медицинска помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се шират влезовите кај Клиниката за стоматологија и веќе работиме на проширување на улица Белградска, над Клиничкиот центар. Од кај Кардиологија планираме да отвориме и четврти влез, со што во целост ќе го олесниме влегувањето и излегувањето од Клиничкиот центар за да не настанува хаосот што ни се случуваше на Водњанска, меѓутоа и на самиот влез во Клиничкиот центар – изјави градоначалникот Шилегов.

Тој дополни дека Градот Скопје и Министерството за здравство во изминативе два месеци сработиле многу во кругот на Клиничкиот центар. Заеднички е изработен проект којшто ќе овозможи три вида на сообраќај – болничкиот, пешачкиот и автомобилскиот.

– Нема да ни се случува веќе поради тротоар да не може да помине болничка количка или болнички кревет, работиме сè да биде целосно по современи стандарди – рече Шилегов.

Покрај новиот паркинг кај Гинеколошката клиника, реконструиран е и паркингот кај Клиниката за хирургија. Од постојните 6.000 квадратни метри, со изградените, реконструирани и проширени два паркинзи се добиени околу 20.000 квадратни метри наменети за паркирање на возилата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...