fbpx

Антикорупциска отвори постапка за ЈП „Градски паркинг – Тетово“ по неповолниот ревизорски извештај

-

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска отвори постапка за Јавното претпријатие „Градски паркинг – Тетово“, откако го разгледа извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Државниот завод за ревизија за работата на ова претпријатие за 2018-та година, во кој се најдоа серија на законски прекршувања, пренесува „Порталб.мк“.

– Денеска решивме да отвориме постапка, во која ќе се соберат податоци и истите ќе бидат верификувани. Откако ќе завршиме, ќе ја информираме јавноста за натамошните чекори – вели за „Порталб.мк“ членот на Антикорупциска, Шемси Салаи.

Според постапката, Антикорупциската комисија после прибирањето на податоците во врска со законските прекршувања кои се наведени во Ревизорскиот извештај, треба да информира околу тоа дали ги утврдиле пропустите. Ако истите се утврдуваат, тогаш, Антикорупциска треба податоците да ги предаде во Обвинителство, инспекторат или други надлежни институции, кои треба понатаму да постапат по овој предмет.

Од основањето на НП „Градски паркинг – Тетово“ се применува зонското паркирање, а на чело на оваа претпријатие е Фејсал Беадини. Во 2018 година, за која е правена ревизијата, Беадини поднесе оставка откако дел од вработените објавија отворено писмо во кое беа наведени наводни злоупотреби, што според нив, се случиле во претпријатието. На негово место, за директор беше назначен Садат Алили, кој сè уште е на оваа позиција.

Во врска со овие обвинувања, Беадини вели дека за време на неговата работа имало прекршување на процедурите, но не и противзаконски дејствија.

Тој не се согласува во целост со ревизорскиот извештај, велејќи дека позајмените средства се искористени за плати на работниците.

„Што се однесува до ревизорскиот извештај, сметам дека станува збор за процедурални пропусти, за што се разбира, добивме препораки за истите да се подобрат во иднина. Како ново формирано претпријатие, управување е предизвик сам по себе и овие пропусти се главно поврзани со недостаток на капацитет на администрацијата на претпријатието, кое и денес е во консолидација и во фаза на работење. Во врска со позајмените средства од претпријатието констатирам дека истите се позајмени за да издавање на плати на вработените и дека подоцна претпријатието истите ги вратило во согласност со договорот за заем, истите не биле користени за ненаменски трошоци, како што вели ревизорот. Што се однесува до средствата потрошени за службени телефони, мислам дека тие целосно се разумни бидејќи работата и активноста на оваа претпријатие не може да се смисли без паметни уреди, затоа што обележувањето, блокирањето и контролата на паркираните возила се врши со таков систем и бара пристап на интернет додека работат на терен, а истото треба да го поседуваат сите теренски работници, кои се десетици“, рече Беадини за Порталб.мк.

Сепак, во извештајот на ревизијата се вели дека ЈП „Градски паркинг – Тетово“, не испратил официјална забелешка до нив за ревизијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...