fbpx

Град Скопје најави 200 нови паркинг места до Инфективна клиника откако ќе заврши корона кризата

-

Откога целосно ќе заврши епидемијата со корона вирусот во земјава, на локацијата на која е поставена монтажната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби може да се изгради паркинг со капацитет од околу 200 паркинг места. Станува збор за една од двете локации во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на кои Градот Скопје ќе изгради нови паркиралишта со вкупен капацитет од 350 паркинг места.

Изминатиов период се изврши реконструкција на повеќе локации на постоечките паркинг простори во Клиничкиот центар, при што е заменета подлогата и асфалтот, со што на овие површини ќе се добијат дополнителни 50-тина паркинг места. Покрај планирате 200 паркинг места до Инфективната клиника, нов паркинг со 150 места ќе се гради на просторот на некогашната зграда на Гинеколошката болница.

Од Град Скопје за „Мета.мк“ велат дека и во иднина со овој паркинг простор ќе управува ЈП „Градски паркинг“. Уредувањето и зголемувањето на паркинг просторот што се прави во моментов е дел од поголемиот број на градежни активности што се прават во кругот на Клиничкиот центар во екот на короната кризата.

Веќе е направен паралелен дополнителен влез за возила за Прва Помош на главниот влез на улица „Мајка Тереза“, а планирано е да се направи нов влез и излез под улицата „Белградска“, која ќе се поврзе со новото паркиралиште до Инфективната клиника). Во иднина ќе се изгради уште еден влез и излез кај Клиниката за кардиологија кон улицата „Белградска“. Воедно, работите веќе се во тек кај Клиниката за стоматологија, каде постоечкиот паркинг целосно се асфалтира со нов асфалт и предвидено е на истата локација да има дополнителен брз влез и дополнителен брз излез.

Со сите овие активности што се во тек, граѓаните и здравствени работници ќе можат во иднина многу полесно да ги завршуваат обврските што ги имаат во Клиничкиот центар. Од Град Скопје потенцираат дека на двата нови паркинга кај Инфективната и Гинеколошката клиника во иднина ќе можат да се постават и монтажни катни гаражи, доколку се јави потреба од ова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нов апарат за магнетна резонанца во болницата „Св. Еразмо“

Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, доби нов апарат за магнетна резонанца вреден 1,2 милиони евра, а е набавен со поддршка од Европската Унија, изјави...