fbpx

Порталб: Планот за паркинзи во Тетово не се реализираше во првиот квартал од годинава како што беше ветено

-

Иако беше планирано, во периодот јануари-март 2022 година да се додадат 230 нови затворени паркинг места, Општина Тетово не успеа да реализира ниту едно. Во овој период беше планирано да се додадат 195 зонски паркинг места, сепак досега се додадени само 72 нови зонски паркинг места. Проширувањето на зонското паркирање во оваа точка не подразбира создавање дополнителни или нови паркинг места, пишува Порталб.мк.

Иако беа ветени дополнителни вкупно 425 паркинг места за периодот од јануари до март годинава, Општина Тетово не успеа да реализира ниту половина. Според планот што градоначалникот го објави на 11 јануари, предвидени беа дополнителни 195 зонски паркинг места, и 230 затворени.

Од Општина Тетово за Порталб.мк информираат дека во овој период во рамки на зонското паркирање се додадени вкупно 72 нови паркиралишта, а се подготвува додавањето на некои други улици. Во овој период не се изградени нови затворени паркинзи.

„Во рамки на зонското паркирање има вкупно 72 нови паркинг места. Локацијата е во делот на улицата Илинденска (спроти Мема), каде на 1 април започна зонското паркирање во областа Ц1. Исто така, склучени се 55 договори со клиенти кои живеат во зградата на паркингот. Поставувањето на зонското паркирање се подготвува и на улица 120 и наспроти ОУ „Лирија“, односно каде има услови и е во согласност со Деталниот урбанистички план на општината. Самиот тек на реализација на планот на ЈП „Градски паркинг“ зависи од сообраќајната полиција која дава одобренија и со која сме во постојана комуникација“, велат од Општина Тетово.

Од друга страна, од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека општината во овој период добила само едно барање за согласност за проширување на зонското паркирање.

„Секторот за внатрешни работи Тетово, во периодот од јануари до денеска, од надлежните органи на локалната самоуправа на Тетово има добиено само едно барање за проширување на паркинг местата на улицата „120“ кај Зелен пазар во Тетово кое поради некомплетната документација, односно нацрт планот е вратен на исправка и повторно докомплетирање на истата“, изјави Фатмир Реџепи од СВР Тетово.

Проширувањето на зонското паркирање не значи и создавање нови дополнителни паркинг места, туку места каде што во минатото се паркирале возила, иако не било зонско и не било платено. Проширувањето на зонскиот принцип се чини дека е показател за зајакнување на финансиската состојба на паркинг претпријатието кое постојано работеше со загуба.

На прашањето зошто проширувањето на зонското паркирање не значи и нови паркинг места и дали ова ветување се користи само за маркетинг, од Општината одговорија:

„ЈП „Градски паркинг“ не прави лажен маркетинг, туку работи со единствена цел да воспостави ред на паркинзите низ градот, се ангажира да има регулирани паркинзи, кои ќе овозможат подобар ред и одвивање на градскиот сообраќај“.

Според планот објавен на 11 јануари, Општина Тетово планира до крајот на годинава да го зголеми бројот на паркинг места, преку зонски паркинзи, затворени паркинзи и катни гаражи. Планираниот број на зонски паркинг места е 410, затворени 790 и во катните гаражи 1.890. До крајот на годинава се очекува да бидат отворени вкупно 3.730 нови паркинг места.

Касами пред да дојде на чело на општината ветуваше бесплатен паркинг додека најде паркинг за секоја кола во Тетово, но тоа траеше многу кратко, само две недели и неколку дена.

Инаку, претпријатието „Градски паркинг“ според последните податоци што градоначалникот Билал Касами ги сподели со јавноста, должи над 187 илјади евра. Ова претпријатие иако остварува приходи од плаќањето од страна граѓаните, во минатото постојано работеше со загуба. Во моментов на чело на претпријатието е Игор Додевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...