fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Порталб: Во очекување на репрогласување на заштитено подрачје, Матка и понатаму загрозена

Додека кањонот Матка ги чека административните процедури да биде прогласен за заштитено подрачје, во езерото Матка и понатаму има моторни чамци, кои според одлуката Матка да се прогласи за споменик на природата се строго забранети, пишува „Порталб.мк“. Според оваа одлука, објавена во Службен весник во мај 1994 година, која сè уште е во сила, во кањонот, единствен природен резерват, не...

Ќе се испитуваат изворите на загадување на воздухот во Карпош и Лисиче

На две локации во општините Карпош и Аеродром во Скопје во следната година ќе се мониторира квалитетот на воздухот за да се утврдат изворите на загадувањето. На овие локации, во рамките на проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, поставени се уреди кои во следните 12 месеци ќе собираат примероци од воздухот 24 часа на ден. Тие примероци ќе се...

Заврши повикот за субвенции за инвертер клими во Скопје, пари за печки за пелети ќе има догодина

Заврши јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата во главниот град. Од отворањето на повикот биле поднесени 5.000 пријави, со што била исполнета квотата за субвенции, така што нови барања од граѓаните нема да се примаат. Овие субвенции се со цел да се заменат старите уреди за загревање со нови...

Во Градскиот парк отворен „памптрак“ велодром за велосипедисти и скејтбордери

Од денеска вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите можат да го користат новиот „памптрак“ полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт. Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти. Со цел овој простор да биде...

Се отстранува „картон-маало“ и депонијата под Железничка станица (галерија)

Денеска, од раните утрински часови со механизација се отстранува импровизираното картон-маало формирано на паркиралиштето под Железничка, како и натрупаниот отпад, купиштата пластична амбалажа и стариот мебел што го нагрдуваат овој јавен простор и претставуваат извор на загадување, информираат од Град Скопје. Во оваа акција учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи на град Скопје, Министерството за...

Одговорноста за Матка да значи и санирање на штетите во природата, бараат екологистите

Кривичните обвиненија за поставување на платформи во заштитеното подрачје на Матка треба да се истераат докрај, но паралелно со нив треба и да се бара санирање на штетите и враќање на околината во првобитна состојба, апелираат екологисти и вљубеници во природата. Барањето одговорност за долгогодишното дивеење со различни градежни зафати е само еден чекор во заштитата на споменикот на...

Денеска во Скопје се очекува сообраќаен колапс: Протести, снимање на филм, реконструкција на сообраќајници

Денеска во Скопје ќе се случува сообраќаен хаос и најдобро е доколку немате итна потреба да не го користите автомобилот. Имено, за денеска се закажни три протести, ќе има затворање на улици поради снимање на филм, но во тек се и градежни активности нa сообраќајниците низ градот кои ги изведува Град Скопје. Прв протест кој за денеска е закажан е...

Во ДКЦ „Карпош“ отворен едукативен центар за природни науки за млади до 17 години (галерија)

Деца и млади од 5 до 17 години отсега ќе може да го користат новиот едукативен центар во склоп на Детскиот културен центар „Карпош“ кој ќе служи за надградување на вештини и знаења од областа на природните науки. Центарот е опремен со интерактивен панел кој овозможува 3Д модели од анатомија, микроскопи, анатомски модели од човековото тело, модели на ДНК,...

Велопатеките во Скопје достигнаа 110 километри, „На Точак“ со конкретни предлози до градските власти за догодина

Должината на велосипедските патеки на територијата на Скопје годинава достигна околу 110 километри, информираат градските власти. Во изминативе три години биле изградени или реконструирани околу 30 километри од велосипедските патеки, информираат за „Мета.мк“ од Град Скопје. Тие во моментов работат на изведба на велосипедска патека на улицата Благоја Стефковски во населбата Маџари, како и на булеварот 8-ми Септември и...

Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“

Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од...

Љубителите на планинскиот велосипедизам добија нова патека на Водно (галерија)

Љубителите на планинскиот велосипедизам од утре ќе може да возат по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. Официјалното отворање на патеката ќе биде во 12 часот на средно Водно, а претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на „Прв до врв“. Натпреварот ќе почне во 10 часот од...

Во Транспортен центар од денеска може да се паркираат велосипеди на неколку дена (галерија)

Отворен е велопаркингот во склоп на Транспортниот центар Скопје, реализиран според проектот „Велоштад“ на Михајло Стојановски и Теа Дамјановска, кој беше избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг на јавниот повик кој го објави Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб. „Се надеваме дека Велопаркингот ќе ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди и ќе придонесе кон повеќе...

Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ во културен простор

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје. - Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во...

Се реконструира автопатот Петровец-Катланово, граѓаните бараат да се работи навечер

Јавното претпријатие за државни патишта ја започна реконструкцијата на автопатската делница Петровец-Катланово на патниот Коридор 10. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи на проектот вреден 7,2 милиони евра. Градежните екипи работат на рехабилитација на коловозот во вкупна должина од 10 километри во двата...

Град Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019 година

Град Скопје ги информира сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година. „Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса...

Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени...

Почна процесот за подготовка на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје

Со потпишувањето на денешниот договор помеѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање и официјално почнува процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје, информираат од градските власти. – Бидејќи станува збор за еден сложен и сеопфатен процес новиот ГУП на Град Скопје 2022-2032 ќе биде изработен со финансиска поддршка на Министерството...

Во среда петто прскање против комарци во Скопје

На 16 септември (среда), во раните утрински часови, ќе се изврши петтата фаза од авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје, информираат од Град Скопје. „Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови“, се вели во соопштението од градските...

Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до центарот на Скопје. Станува...

Еко дрон патрола на Град Скопје и „Ергос“ ќе бара загадувачи на животна средина

Градот Скопје во соработка со здружението „Ергос“-Скопје, започна еко дрон патрола, односно прелети со дрон низ територијата на Скопје, во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и евентуални создавања на диви депониии. -„Ергос“-Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој „Елипса“ досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на Скопје и не е забележано...

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...