Во Градскиот парк отворен „памптрак“ велодром за велосипедисти и скејтбордери

Од денеска вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите можат да го користат новиот „памптрак“ полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт.

Новиот памптрак полигон зафаќа површина од над 700 квадратни метри и е наменет за деца и возрасни од различни возрасти. Со цел овој простор да биде попристапен за граѓаните целосно беше реконструиран и големиот паркинг во непосредна близина.

Проектот е изработен во соработка со долгогодишниот партнер на Градот Скопје во развојот на велосипедизмот и алтернативниот начин на движење – Стопанска банка АД Скопје.

Ова е втор „памптрак“ изграден во Скопје, првата ваква адреналинска патека лани беше оформена на просторот пред Олимпискиот базен.