fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи вонредна седница за невремето

Советот на Град Скопје за денеска во 14 часот закажа вонредна седница по синоќешното големо невреме кое го погоди Скопје и околината, информираат од Градот. На седницата единствена точка на дневен ред ќе биде информацијата во врска со вчерашното невреме и мерките и активностите за санирање на штетите. Во невремето, како што првично информираа од Министерството за внатрешни работи, животите...

Викендов трето прскање против возрасни комарци

Град Скопје в сабота и в недела третпат ќе спроведе прскање против возрасни комарци. Авионското прскање ќе се изведе в сабота и в недела во период од 5.30 до 10 часот. Терестричната дезинсекција, пак, ќе се одвива од недела до четврток од 23 до 4 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на авионската дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден...

Град Скопје: Стационарот „Вардариште“ работи по принципите за хуман третман на животните

Град Скопје во реакцијата на денешниот протест организиран од „Анима мунди“, изрази згрозување од, како што велат, лажните и клеветнички обвинувања на здружението во однос на третманот на бездомните кучиња во центарот „Вардариште“. „Покрај овие фабрикувани и невистинити обвинувања, навистина не знаеме зошто овие лица протестираат против работата на Град Скопје, која е единствена единица на локална самоуправа во Република...

„Баскерфест“ годинава од 10 до 19 јуни

Со многу улични перформанси, баскер-точки и музички настапи, уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“ и годинава од 10 до 19 јуни ќе ги забавува посетителите на градскиот плоштад Македонија во Скопје и во повеќе градови во земјава. Меѓу годинашните улични артисти, информираат организаторите, се патувачката уметничка инсталација „Блинк циркус“ (Blink Circus), шоуто на Мистер Копини (Mr. Copini), оригиналната и креативна...

Положени цвеќиња пред споменикот на сесловенските просветители

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и делегација на Советот на Град Скопје, денеска по повод државниот празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, положија цвеќиња пред Споменикот на браќата на плоштадот Филип Втори. Цвеќиња положија и делегација од Владата на Република Македонија, делегација од Собранието на Република Македонија, делегации на политички партии, Армијата...

В недела ќе се одржи Скопскиот маратон

Дванаесеттото издание на „Ви зер - Скопски маратон“ ќе се одржи в недела, со почекот во 8.45 часот, кај Порта „Македонија“. На маратонот ќе учествуваат 7.000 маратонци и рекреативци од 46 земји. Пријавените учесници можат да ги подигнат своите стартни пакети денеска и утре од 10 до 19 часот во холот на Конгресниот центар „Александар Македонски“, поранешната Универзална сала. Град Скопје за маратонот...

Милионски тендери од Владата за „Трансмет“, фирмата што требаше да го урива „Космос“

На денешната прес-конференција, Специјалното јавно обвинителство обелодени дека го отвора случајот „ТНТ“. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека иако уривањето на комплексот „Космос“ требало да го изврши фирмата „Трансмет“, која имала склучено договор со Општина Гази Баба, по налог на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, преку незаконски спроведена постапка за јавна набавка, била избрана фирмата „3М изведба“, која не ги...

Со боја врз бараките на Град Скопје, мирно заврши граѓанскиот протест

Со бојадисување на фасадата на бараките на Град Скопје и со извици „Секој ден во шест“, заврши денешниот протест на граѓаните против аболицијата за функционери која ја донесе претседателот Ѓорге Иванов.  Собирот помина мирно и без никакви инциденти. Граѓаните и денеска, точно во 18 часот, ја блокираа улицата пред СЈО и го почнаа протестот, за подоцна преку Собранието и Владата да...

Град Скопје воведува трепкаво зелено светло

Од утре Град Скопје ќе почне со воведување на трепкаво зелено светло на светлосните сигнали на крстосниците на подрачјето на Град Скопје, во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во наредните петнаесетина дена трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“. Трепкавото зелено...

Манчевски: Бараме на вонредна седница да се усвојат мерки против загадувањето

Советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје бара вонредна седница во деновите помеѓу новогодишните и божиќните празници. На седницата тие, од градоначалникот Коце Трајановски, ќе побараат да се усвојат вонредни предлог-мерки со кои загаденоста привремено би се довела во понормални рамки. Некои од мерките што од СДСМ ги предлагаат се итен прекин на сите градежни...

Град Скопје им додели признанија на најуспешните спортисти

Град Скопје им додели признанија на најдобрите спортисти, тренер и екипа за 2015 година. Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија се Игор Стефановски-Иџе, Мартин Несторовски, Евгениј Поп-Ацев, Ненад Манојловски, Стојанче Стоилов, Баже Илијоски, Јасин Реџелари, Стефани Тодорова, Бобан Грнчаров и Наташа Стефановска. Најуспешни пет спортисти во младинска категорија се Петар Заборски, Сара Ристовска, Моника Пендароска,  Елмедин Сејфулау, Бобан Илиоски. Најуспешен тренер за 2015...

Град Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ не ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ

Градот Скопје и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, реагираат на, како што велат, повторните лаги изнесени од СДСМ, дека Градот Скопје ги исекол дрвјата во кампусот на УКИМ, стои во соопштението од кабинетот на градоначалникот. „Имено, и покрај испратениот демант од Град Скопје уште на 12 декември 2015 година, СДСМ продолжува со своите лаги и клевети. Поради тоа, бараме јавно извинување за...

Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

На последната седница на Советот на Град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побарал од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување субвенции – дотации, за преземање мерки и активности од страна на Градот за поголема заштита на животна средина, а особено за справување со сè поголемото загадување на воздухот. „Според Европската агенција за...

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за Град Скопје е правен во целосно транспарентна постапка

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година е буџет кој ќе одговори на барањата и на потребите на граѓаните на Скопје. Слободанка Алексовска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, вели дека станува збор за развоен буџет, со голем број капитални проекти и инвестиции, кои значително ќе го подобрат животот на жителите...

СДСМ бара оставка од Коце Трајановски и нови избори за градоначалник

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не работат во интерес на граѓаните и за тоа има само едно решение: оставка на Коце Трајановски и нови избори за градоначалник на Скопје, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и на коалициските партнери во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција. - Со буџетот за 2016 година, Никола Груевски...

Повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на НОБ

Пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје, пред платото на Владата на Република Македонија, повеќе делегации положија цвеќе во чест на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември. Цвеќе положи и делегација од Град Скопје, составена од градоначалникот Коце Трајановски и од претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева. Во името на борците-ослободители на Скопје, се обрати Трајко Стаматовски,...

Градоначалникот Трајановски се сретна со борците од НОБ

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, се сретна со претставници на градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. - Денеска славиме 71 година од ослободувањето на Скопје, односно го славиме 13 Ноември, денот кога Вие и Вашите соборци сте се бореле за негово ослободување, и на средбата...

Град Скопје: Во буџетот има предвидено средства за изградба на луна-парк

Градот Скопје реагира на, како што наведуваат во соопштението, „невистините кои беа изнесени во денешното соопштение на СДСМ околу изградбата на новиот луна-парк во Скопје.“ - Градот Скопје изминативе години работи на реализација на овој капитален проект, за кој досега имаше поголем број обиди да биде реализиран по пат на јавно-приватно партнерство, а во согласност со новата стратегија, истиот ќе...

Екипи на Црвен крст и денеска на градските улици

Три мобилни екипи со три возила и со 12 волонтери на Црвениот крст на град Скопје и денеска ќе патролираат по улиците на Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња вода на минувачите. Во рамките на теренските активности на неколку пунктови, се вршеше мерење на крвен притисок на граѓаните кои се пожалија на здравствени тешкотии, а...

Град Скопје апелира да не се пали оган и да не се остава смет за 1 Мај

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните кои планираат претстојниот празник 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да ги поминат во природа, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад. Тоа особено се однесува на граѓаните кои ќе ги посетат парк-шумата Водно, Паркот на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...