Град Скопје ги информира сите граѓани дека во согласност со одредбите за
присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.
„Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници. Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените
основи имаат заостанати и неплатени долгови треба да ги подмират своите
обврски,“ се вели во соопштението на Град Скопје.
Од таму потенцираат дека, доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува
решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.