сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: наплата | 44 резултати

Зонското паркирање во општина Аеродром се „проширува“

ноември 16, 2023

Општина Аеродром соопшти дека се работи на проширување на опфатот на зонското паркирање на нејзината територија. Ќе се организираат и анкети, а опфаќањето на нови паркиралишта со наплата за паркирање, ќе трае до крајот на годинава. Првата фаза опфаќа формирање и обележување паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ […]

Дезинформација е дека Фејсбук ќе наплаќа 4,99 долари месечно за да го користите

ноември 6, 2023

Во објавата се споделува невистинита информација дека Фејсбук воведува тарифа од 4,99 долари месечно за да може да го користите. Центарот за поддршка на Фејсбук наведува дека не им се наплаќа на корисниците за да го користат, туку им се наплаќа на огласувачите да прикажуваат реклами на Фејсбук и на другите социјални мрежи на компанијата […]

Неделен возен ред на ЈСП за Рамазан Бајрам, жичарницата на Водно ќе работи

април 20, 2023

Утре поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Жичарницата на Водно ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во […]

На три пункта во Скопје граѓаните ќе ги потпишуваат новите договори за парно со ЕСМ

октомври 17, 2022

За да се регулира потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи договор за снабдување со топлинска енергија, а за таа цел потрошувачите на чиe име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина […]

Не е вистина дека за струја се плаќа двапати за ,,преклопени датуми” на сметките

октомври 1, 2022

Од ЕВН објаснуваат дека датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата. Оттаму велат дека  реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните во претходниот месец […]

Тетовски „Градски паркинг“ не кажува зошто наплаќа од граѓаните за паркинзи што не се пуштени во употреба

септември 29, 2022

Иако зонските паркинзи Б9 и Б14 во Тетово сè уште не се пуштени во употреба, системот веќе неколку недели наплатува од граѓаните кои паркираат таму и испраќаат СМС пораки. Граѓаните праќаат пораки затоа што ЈП „Градски паркинг“-Тетово има поставено табла со известување дека мора да се прати порака за паркирање, но не сметале дека системот […]

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и Законите

јуни 12, 2021

Откако Сојузот на средношколци утринава реагираше дека некои средни училишта во земјава им наплаќаат на средношколците такса за издавање свидетелства, од Министерството за образование и наука (МОН) беше испратена реакција дека училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, за што од страна на Министерството за образование и наука […]

Сојуз на средношколци: Некои средни училишта бараат пари од учениците за издавање свидетелства

јуни 12, 2021

Сојузот на средношколци испрати известување до Државниот просветен инспекторат, во кое ги информира дека во изминативе неколку денови добиле поплаки од средношколци од повеќе градови низ земјава дека некои средни училишта наплаќаат такси за издавањето свидетелства. Тие тврдат дека средното медицинско училиште во Тетово наплаќа меѓу 150 и 200 денари за свидетелство, додека средното економско […]

Град Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина за 2019 година

септември 23, 2020

Град Скопје ги информира сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година. „Во тековната година во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен […]

Радио станиците бараат АЕК да ги ослободи од плаќањето на радио фреквенции за годинава

август 26, 2020

Радио станиците од земјава бараат Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ја испочитува владината одлука за ослободување од плаќање фреквенции кон АЕК, како дел од помошта на медиумите за состојбата со ковид-19. Од Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ) бараат АЕК да ги сторнира сите фактури, да излезе во пресрет на медиумите и […]

Наплатата на даноците во јуни е помала за 6,7 проценти во однос на истиот месец лани

јули 1, 2020

Управата за јавни приходи (УЈП) бележи намалување на наплатата на даноците од 6,7 проценти, а намалување има речиси кај сите даноци, освен кај данокот на личен доход, кај кој, има повисока наплата од 1,8 проценти споредено со јуни 2019 година, одговори на новинарско прашање, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Намалување од 17,3 […]

ЈП „Македонска радиодифузија“ нема да им наплаќа на радијата трошоци за струја и закуп на деловен простор за 2020 година

јуни 14, 2020

Владата на 66. седница донесе Уредба со законска сила за начин на наплата на надоместоците од страна на Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“ од радиодифузерите кои вршат радио емитување за време на вонредна состојба. „Заради економските последици од корона кризата на радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија), ЈП „Македонска радиодифузија“ нема да им ги наплаќа трошоците […]

УЈП наплатила за 79 % помалку ДДВ, а вкупните приходи се намалиле за 38,15 %

април 15, 2020

Во првите две недели од април, има пад од 79 проценти на наплатата на данокот на додадена вредност (ДДВ), информираше денеска на прес-конференцијата во Владата, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Вкупните приходи за овој период се намалиле за повеќе од 38,15 проценти. „Во периодот од јануари до март вкупниот даночен приход […]

Владата донесе уредба, извршителите да не вршат присилни наплати до 30 јуни

март 25, 2020

Владата на 27. седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година. „Според оваа Уредба се утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања […]

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

јануари 28, 2020

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира […]

Кешот уште царува на патарините – одвај 5,6 отсто од приходите се електронска наплата

септември 19, 2019

Електронскиот систем за наплата на патарините засега ѝ носи скромни приходи на државата. Уделот на новиот начин на наплата во вкупните приходи од патарина во изминатово лето изнесувал околу 5,6 отсто. Од продажбата на електронските уреди за плаќање на патарина и од надополнувањето на овие уреди во јули и август биле инкасирани околу 528.000 евра. […]

Одличен старт на електронските патарини – за јули и август продадени 6.830 уреди за наплата

август 23, 2019

За само еден месец остварен е промет од 14.126.731 денари, извршени се 7.675 надополнувања од возачите кои плаќаат патарина со картичка или таг, што претставува 5,8 отсто од вкупната наплата на патарина што е остварена во јули. Од Јавното претпријатие за државни патишта сметаат дека тоа е одличен старт на електронската наплата на македонските патарини […]

За еден месец продадени 5.870 електронски уреди за наплата на патарина

август 6, 2019

Расте интересот на македонските возачи за новиот систем за електронска наплата на патарина. За само еден месец се продадени 5.870 електронски картички и тагови (Мтаг и Мкард), со кои може на едноставен и брз начин да се плати надоместокот на наплатните рампи долж Коридорот 10. – Патниците кои веќе имаат купено електронски уреди се повеќе […]

Декада на пораст на таксите, глобите и другите неданочни приходи

јули 24, 2019

Со нови такси, глоби и други давачки секојдневно се соочуваат македонските граѓани и компании, а најдобар показател за тоа се неданочните приходи во буџетот кои од 2010 до 2019 година се зголемиле од 188 милиони евра на 222 милиони евра. Математиката покажува дека за една деценија за вкупно 34 милиони евра пораснале буџетските приходи од […]

За 2 недели продадени 3.600 смарт картички и тагови за плаќање патарина

јули 19, 2019

Расте интересот на македонските возачи за новиот електронски систем за наплата на патарина. Во изминативе 2 недели се продадени речиси 3.600 бесконтактни смарт – картички и тагови, информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Тој очекува да продолжи зголемувањето на бројката на продадени уреди за плаќање. Уште поголем раст се […]

Страна 1 од 2