Фото: Град Скопје

На 16 септември (среда), во раните утрински часови, ќе се изврши петтата фаза од авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје, информираат од Град Скопје.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови“, се вели во соопштението од градските власти.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.