Денеска во Скопје се очекува сообраќаен колапс: Протести, снимање на филм, реконструкција на сообраќајници

-

Денеска во Скопје ќе се случува сообраќаен хаос и најдобро е доколку немате итна потреба да не го користите автомобилот. Имено, за денеска се закажни три протести, ќе има затворање на улици поради снимање на филм, но во тек се и градежни активности нa сообраќајниците низ градот кои ги изведува Град Скопје.

Прв протест кој за денеска е закажан е од страна на Коалицијата „Менуваме“ која најави протест во 11.55 часот (5 до 12) пред Националната агенција за образование и мобилност.

На протестот ќе учествуваат родители на деца со попреченост, на кој, како што најавуваат ќе упатат протесна нота и осуда на како што велат „нестручното работење на Агенцијата и не познавање на програмските протоколи (к1, к2, к3, од Erazmus+)“.

Подоцна за во 16.30 часот најавен е протест на Конфедерацијата на синдикални организации која најави мото-синдикален марш со околу 40 автомобили и 80 граѓани против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за покачување на струјата.

Протестиниот марш, како што најавуваат организаторите, ќе почне во 16.30 часот од семафорот кај Веро-Парк-Чаир Т.Ц. Чаирчанка преку Бит Пазар до раскрсница на Мавровка-Судска палата. На таа раскрсница остануваат 30 минути и продолжуваат кон Стоковна Мост- мост Гоце Делчев и на крај завршуваат во 17.30 часот пред Владата каде што до 18 часот е предвидена прес-конференција.

За денеска од 18.30 часот протест со возила е закажан и до страна на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе започне од Спортскиот центар Борис Трајковски, ќе се одвива по булеварите 8 Септември и Партизански одреди, потоа по улиците Даме Груев, Димитрие Чупоски, 11 Октомври, и ќе заврши пред Секретаријатот за европски прашања.

Освен за протестите, денеска ќе има затворање на улици во централното градско подрачје од 11 до 18 часот за потребите на снимање на филм. Во периодот од 11 до 14 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на улица Даме Груев, а во време од 14 до 18 часот на улица Димитрие Чуповски кај автобуската постојка спроти Театарот за деца и млади и во времето од 14 до 17 часот на булевар ВМРО на автобуската постојка пред Пошта на Северна Македонија.

Но освен протестите и најавеното затворање на улиците поради снимање на филм, во тек е и реконструкција на неколку клучни сообраќајници низ градот.

Реконструкција се врши на булевар 8 Септември, на потегот од булевар Илинден до крстосницата Скупи кај хотел „Александар Палас“. Се работи и на булеварот Александар Македонски на излез од Скопје кај Автокоманда до Хиподром.

Градежни активности има и на улицата Македонско-косовска бригада како и на булеварот Босна и Херцеговина. Реконструкција има и на улицата пред Железничка станица која се спојува со Трета македонска бригада.

Оттука и апелот од Град Скопје до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.

„Ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ја користат скопската обиколница преку излезите во Визбегово (Качанички пат), клучката кај Мирковци и клучката по новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош, како и паралелните улици 808 (кај фабриките „Европа“ и „Скопска пивара“), крстосницата на булеварот Киро Глигоров, завртување по улицата Перо Наков (кај „Металски завод“ и „Електроелемент“), вклучување на улица Благоја Стефковски и потоа користење на правецот за Куманово од кај СЦ „Хиподром“ и кон Велес преку Идризово,“ се вели во соопштението.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...