Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“

-

Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од „трамвајот на тркала“ ќе се гради на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, ќе биде со приближна должина од 12,81 километри и ќе има 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминала.

„Согласно договорот и проектната задача, носителот на набавката по добивање на налог за започнување на услугата, ќе има на располагање 100 работни дена за да ја заврши проектната документација. Во тој период не се сметаат деновите кои му се потребни на градот да ја разгледа документацијата и да даде забелешки за истата, како и деновите кои ги има на располагање носителот на набавката за да постапи по забелешките“, велат за „Мета.мк“ од Град Скопје.

Од проектантот се очекува да ги изработи идејниот сообраќаен проект, архитектонскиот идеен проект, градежниот идеен проект, како и идејните проекти за сообраќајниците, за машинска инсталација и опрема, за хидротехника, термотехничка инсталација и анализа за ризиците на проектот. Во оваа фаза ќе се анализира и капацитетот на постојното депо на ЈСП во Ѓорче Петров и ќе се направи проектирање на нови содржини за идното депо во Ново Лисиче.

За изработка на целокупната проектна документација се издвоени околу 95.000 евра. Инаку, на тендерот што беше распишан од Градот Скопје кон крајот на јули годинава биле доставени понуди од две компании. Градските власти засега не можат да кажат кога би се распишал огласот за изработка на изведбениот проект за брзиот автобуски систем, но во секој случај, најпрво ќе мора да се заврши изготвувањето на идејниот проект.

Идниот „трамвај на тркала“ би сообраќал од последната станица на автобуските линии 5 и 15 во Ново Лисиче до кружниот тек на булевар „Партизански одреди“, „Борис Сарафов“ и „Лука Геров“ во Ѓорче Петров. Со првата БАС линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно би се патувало за 35 минути, со комерцијална брзина на автобусите од околу 19,2 километри на час. Ова ново средство за масовен превоз ќе биде физички одвоено од постојниот коловоз, а би се движело по средината на булеварите и улиците низ кои ќе поминува.

Инаку, македонската влада за првата линија од брзиот автобуски систем во Скопје веќе побара средства во висина од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од...