fbpx

Заврши повикот за субвенции за инвертер клими во Скопје, пари за печки за пелети ќе има догодина

-

Заврши јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата во главниот град. Од отворањето на повикот биле поднесени 5.000 пријави, со што била исполнета квотата за субвенции, така што нови барања од граѓаните нема да се примаат. Овие субвенции се со цел да се заменат старите уреди за загревање со нови грејни тела, кои ќе го намалат аерозагадувањето во главниот град.

Со доделувањето на субвенции за инвертер клима се опфатени домаќинствата на Скопје, но и на Битола, Тетово и Кичево, каде тамошните општини спроведуваат засебни јавни повици за реализација на оваа мерка од која се очекува да се намали загадувањето на воздухот во овие општини. Вкупно, за субвенции за набавка на високоефикасни инвертери се издвоени 618 милиони денари, односно 10 милиони евра за сите општини. Притоа, на граѓаните можат да им бидат надоместени максимум 62.000 денари во нето износ.

Во меѓувреме, министерот за економија Крешник Бектеши денеска беше прашан од новинарите дали и кога се планира да се вратат субвенциите за енергетска ефикасност, кои беа укинати поради корона кризата. Меѓу нив, е и мерката за набавка на печки за греење на пелети, за кои Министерството за економија им даваше субвенции на граѓаните. Тој најави дека овие субвенции ќе се вратат во 2021 година, веќе се во преговори со Министерството за финансии, а подетални информации ќе презентираат во моментот кога ќе се усвои државниот буџет за 2021 година.

Инаку, аерозагадувањето на воздухот со доаѓањето на есентта повторно станува горливо прашање за граѓаните од земјава. Податоците од веб-страницата за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање покажува дека во периодот од 21 до 24 октомври во Скопскиот регион, дневните концентрации на ПМ-10 честичките во воздухот биле близу до границата или над дозволената граница од 50 милиграми на метар кубен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...