Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ во културен простор

-

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје.

– Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година – изјави градоначалникот Шилегов.

Тој го повика претседателот Пендаровски да биде покровител, додека Градот Скопје би бил реализатор на проект со кој покривот на ГТЦ би прераснал во нов културен простор во главниот град.

Шилегов изрази убедување дека Градот Скопје ја оправдува довербата на граѓаните кога е во прашање културниот живот во Скопје.

– Верувам и дека за неколку години од сега со гордост ќе ја носиме титулата Европска престолнина на културата. Особено ми е драго што вечерва се наоѓаме на покривот на култниот објект во нашиот град – Градскиот трговски центар, кој не само што успеавме да го сочуваме од барокното лудило, туку успеавме и да го зазелениме, повторно да го заживееме, а згора на тоа и да го отвориме овој простор за нови културни настани – додаде Шилегов.

Инаку, Градот Скопје во соработка со УНДП лани успеа да изведе зелен покрив на ГТЦ, но само на еден дел од површината што ја зазема ова здание. Останатиот дел од покривот на ГТЦ во изминатиов период остана нереконструиран, но затоа од година во година се зголемува бројот на културни манифестации што се одржуваат на оваа локација, меѓу кои кино проекции и концерти.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...