fbpx
Таг: град скопје

таг: град скопје

Во ДУП-от спроти Холидеј Ин на три парцели е дозволена изградба на 60-катници

Инвеститорот МГ Фешн на вчерашната презентација на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“ информираше дека на парцелата 1.1 на паркингот спроти Холидеј Ин ќе градат три висококатници од 16, 20 и 22 ката, иако ДУП-от Голем Ринг јужен дел-исток им овозможува да изградат кула висока и до 60 ката. Актуелниот ДУП за оваа локација, која што опфаќа и дел од Ново...

Град Скопје: „Брзите автобуси“ на две линии ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Ново Лисиче, како и Бутел и Пинтија

Град Скопје соопшти дека за почетокот на спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз во Скопје се очекува Владата да го потпише договорот со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за заем од 70 милиони евра со рок на отплата од 15 години, како и експерти на ЕБРД да ја доработат техничката документација што ја подготвувале екипи на...

Градот го почна отстранувањето на првата галија од коритото на Вардар, сопственикот негодува

Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар. Станува збор за галијата поставена спроти хотелот „Холидеј ин“, информираат градските власти. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната...

Март помина, идејниот проект за „трамвајот на тркала“ во Скопје не е објавен

Проектантите доцнат со изработка на проектната документација или Градот Скопје тактизира со објавување на идејниот проект за првата линија од брзиот автобуски систем (БАС) на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров? Кога беше потпишан договорот со проектантите на почетокот од октомври лани, рокот за изработка на проектната документација беше договорено да биде 100 работни дена. Од градските власти првично...

За брз и квалитетен јавен превоз, на Скопје му се потребни итни инвестиции [видео+фото]

Македонскиот главен град веќе три и пол децении чека и не може никако да ја дочека изградбата на трамвајот. Годините минуваат, новите технологии забрзано се воведуваат во системите за масовен превоз низ градовите во светот, а идејата за изградба на класичен трамвај во Скопје замина неславно во историјата. Додека експертите, невладините организации, политичарите и граѓаните се расправаат за тоа дали...

Се подготвува Нацрт-законот за репрогласување на Матка за споменик на природата

Нацрт-законот за репрогласување на кањонот Матка за споменик на природата е во изработка и би требало да биде готов во текот на следните два до три месеци. Од Министерството за животна средина информираат дека постапката за заштита тече, откако овој уникатен локалитет чекаше 16 години и во тој период се соочи со низа узурпации, незаконски градби, уништување и загадување. Кањонот,...

Власта и опозицијата не се согласуваат околу изградбата на „трамвајот на тркала“ во Скопје

По речиси четири месеци лутање низ собраниските лавиринти, низ филтерот на Комисијата за финансирање и буџет денеска помина владиниот предлог-закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на две линии од „трамвајот на тркала“ во Скопје. Владата го утврди текстот на предлог-законот за брзиот автобуски превоз-БРТ уште кон средината на ноември минатата...

По 11 месеци од барањето за “Простор анти корона”, надлежните власти глуви, а велосипедисти гинат од возила

Неформалното здружение за урбан велосипедизам На Точак и Здружението на граѓани Одржливи иницијативи, со поддршка на 40 формални и неформални организации во април минатата година упатија отворено писмо "Простор анти корона" до надлежните институции. Тие тогаш предложија на булеварите со повеќе ленти, најдесната лента да биде привремено наменета за велосипеди, додека велосипедската патека да биде наменета за пешаци. На...

„Скопска“ да носи поволности и да се плаќаат други услуги во градот, јавниот превоз со тоа ќе привлече патници

Електронскиот систем за наплата на билети и картичката „Скопска“ во скопскиот јавен превоз беше воспоставен во 2015 година и од тогаш до денес нема никакви измени во неговото функционирање, со исклучок на променетиот дизајн на картичките. За разлика од Скопје, околните главни градови од регионов воведоа многу поволности и нови услуги со ваквите картички за граѓаните, кои допринесуваат за...

Со онлајн презентации, факултетите ќе ги промовираат студиските програми во средните училишта

Преку онлајн презентации почнувајќи од денеска, па сè до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација. За да се олесни комуникацијата меѓу учениците и факултетите на овие настани, секое училиште...

Во сообраќајниот хаос, јавниот превоз во Скопје секоја година ја намалува брзината на движење [инфографик]

Со околу 150.000 автомобили и десетици илјади други возила што секојдневно се движат по скопските улици, јавниот превоз во главниот град од година во година станува сè побавен за патниците. Набавката на нови возила од граѓаните низ годините и непрописното паркирање на автомобили на улиците го зголемува сообраќајниот метеж, кој пак предизвикува намалување на комерцијалната брзина на движење на...

Воздухот ќе биде полн со ПМ-10 честички, најголем број од домовите се затоплуваат со цврсти горива

Поголема ангажираност на надлежните институции во смисла на јакнење на инспекциските контроли и поставување на повеќе мерни станици за испитување на квалитетот на воздухот, поголем број и повисоки субвенции за домаќинствата за вградување на системи за затоплување од чиста енергија, како и издвојување на поголеми буџетски средства за енергетска сиромаштија, но и јакнење на свеста кај граѓаните од штетноста...

„Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“ повторно ќе бидат имиња на улици во Скопје

фото: Град Скопје
Советот на Град Скопје вчера ја усвои листата на имиња на улиците во главниот град, кои предлози се од претходно спроведена онлајн анкета на граѓаните во летото 2019 година, како и од други доставени иницијативи. „Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. Мексичка, Ленинова, Железничка се враќаат во нашето Скопје“ напиша синоќа на својот Фејсбук профил, градоначалникот...

Започна реконструкцијата на Кејот „13 Ноември“, ќе трае четири месеци

Со проект вреден 88,6 милиони денари со вклучен ддв, ќе се реконструира Кејот „13 Ноември“, покрај реката Вардар, од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Уредувањето на површината од околу 12.500 квадратни метри предвидено е да заврши за четири месеци, односно пред почетокот на летната сезона, соопштија денеска на заедничка прес-конференција по повод старт на работните активности,...

Град Скопје: името на Данило Коцевски е дел од новата листа на предложени имиња на улици и објекти

Град Скопје се огласи со реакција на пишувањата во некои медиуми што го пренесуваат ставот на Огнен Коцевски, околу наводното недоволно почитување на ликот и делото на неговиот татко, Данило Коцевски. Градската управа посочува дека името на истакнатиот книжевник и хроничар на Скопје е дел од новата листа предложени личности и настани во врска со именувањата на улици, плоштади,...

Град Скопје најави враќање на старите имиња на дел од скопските улици

фото: Град Скопје
Постоечкиот регистар на имињата на улици, плоштади, мостови, и други ифраструктурни објекти во Скопје, е дополнет со нови 571 имиња, соопштија од Град Скопје. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни личности и настани од македонската и од светската историја и друго. „Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати...

Скопската пајак служба го казни пратеникот Апасиев за непрописно паркирање

Град Скопје денеска му изрече казна на пратеникот Димитар Апасиев, кој непрописно го паркирал својот автомобил на улица, блокирајќи го протокот на сообраќај, при што паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Од Град Скопје ги отфрлаат клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“. „Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита...

Санкционирани 269 возачи во Скопје, 17 биле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, 6 февруари, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје се изречени вкупно 269 мерки, меѓу кои, за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина на движење, 14 за користење...

Прво нов ГУП, потоа изведба на Park & Ride терминали за решавање на паркирањето во Скопје

Изградбата на патничките транспортни терминали во Скопје ќе ја чека изработката на новиот Генерален урбанистички план за периодот 2022-2032 година. Популарните Park & Ride терминали во македонскиот главен град се ветија пред една деценија, но до денешен ден не се изградија на влезовите во Скопје, каде би можело да се паркира возилото и од таа точка да се продолжи...

Поради ковид-19, со јавниот превоз во Скопје лани превезени за 30 милиони патници помалку [инфографик]

Ковид-19 пандемијата предизвика намалување на бројот на превезени патници во скопскиот јавен превоз на историски најниско ниво. Автобусите на ЈСП-Скопје и на приватните превозници лани превезле 27.709.556 патници, што е за речиси 30 милиони патници помалку во споредба со 2019 година. Во годината пред ковид кризата, јавниот превоз во Скопје го користеле над 57,2 милиони патници. Статистичките податоци покажуваат дека...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...