Фотографии од возилото и напишаната казна за пратеникот Апасиев / Фото: Фејсбук страница на Град Скопје

Град Скопје денеска му изрече казна на пратеникот Димитар Апасиев, кој непрописно го паркирал својот автомобил на улица, блокирајќи го протокот на сообраќај, при што паркираниот автомобил бил отстранет од службите.

Од Град Скопје ги отфрлаат клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“.

„Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса“, велат од Град Скопје.

Оттаму потенцираат дека за службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за како што велат, „несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз“.