петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЕУ интеграција | 42 резултати

Борел и Блинкен го поздравија францускиот предлог: Духот на конструктивен компромис треба да инспирира

јули 9, 2022

Жозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика и Ентони Блинкен, државниот секретар на САД во заедничка изјава го поддржаа францускиот предлог. „Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба […]

Дојче веле: Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата

јули 9, 2022

Според документацијата до којашто дошло Дојче веле, Бугарското Министерство за надворешни работи смета дека е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист“ македонски јазик во Преговарачката рамка, но францускиот предлог го смета за нешто на што не можело ни да се надева до пред само 6 месеци. Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка […]

Пред Владата во Скопје продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“

јули 4, 2022

Пред Владата во Скопје синоќа продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските ЕУ интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање […]

Ковачевски: Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки, ќе дебатираме и во парламентот

јули 1, 2022

Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка, рече премиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција, по средбата со партнерите од владината коалиција на која се дискутираше за францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. […]

Драги: Италија поддржува одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

јуни 24, 2022

Италија е за одвојување на преговорите на Северна Македонија и Албанија за членство во ЕУ, соопшти денеска во Брисел италијанскиот премиер Марио Драги по состанокот на Европскиот Совет во Брисел, пренесе „Јуроњуз“. Северна Македонија и Албанија официјално сѐ уште се ставени во иста рамка за преговорите за членство во ЕУ, а со кревањето на бугарското […]

Петков од Брисел: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

јуни 24, 2022

Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор, порача бугарскиот премиер пред оставка Кирил Петков од Брисел, каде учествува во состанокот на Европскиот Совет, пренесе бугарската телевизија бТВ. Тој ја повика македонската влада „да ја поведе својата нација“. Петков изјавата ја даде откако бугарскиот парламент денеска усвои резолуција за кревање на ветото. Резолуцијата го […]

Бугарскиот парламент конечно се собра за да расправа за францускиот предлог и кревањето на ветото

јуни 24, 2022

Првпат откако изгласа недоверба на владата на Кирил Петков, бугарскиот парламент денеска успеа да оствари кворум и започна пленарната седница, на која првата точка на дневниот ред е разгледување на францускиот предлог за кревањето на ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, пишува mediapool.bg. Беа внесени три предлога за резолуција, […]

Пред решавањето за кандидатскиот статус, Украина повеќе стравува од засилување на руската офанзива

јуни 20, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија ќе ги засили своите напади врз Украина во следниве денови, кога официјален Кијив го очекува епилогот на барањето ЕУ да додели кандидатски статус. Со овој чекор Украина ќе го започне својот пат кон членство во ЕУ, што може да трае многу години. Во своето редовно ноќно видео-обраќање до […]

Францускиот предлог пристигнал во Бугарија, бугарските политичари засега одбиваат да го кренат ветото

јуни 18, 2022

Предлогот на Француското претседателство со ЕУ за надминување на бугарското вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ стасал до Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент и вчера се дискутирало за него во парламентарната Група за пријателство со Франција, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на два независни извора […]

Пендаровски до Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното

јуни 16, 2022

Со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија, што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја-членка кон земја-кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја […]

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

јуни 16, 2022

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите, врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година, нагласил премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамките на Преспа форумот за дијалог. На средбата присуствувале вицепремиерот за […]

Ескобар: Со партнерите работиме на брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

декември 6, 2021

„САД силно ја поддржуваат брзата интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Работиме со европските партнери за да обезбедиме тоа наскоро да се случи“, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на прес-конференцијата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Ескобар посетата на Северна Македонија ја […]

Заев и Гаши ја објавија коалицијата: Имаме стабилно парламентарно мнозинство

декември 5, 2021

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска потпишаа Договор за ново и стабилно парламентарно мнозинство и за учество на Алтернатива во составот на Владата. Алтернатива вчеравечер ја донесе одлуката да влезе во владината коалиција. Постигнатиот договор за владата со Алтернатива се однесува до крајот на 2024 година, а оваа партија во идниот […]

Меркел вели треба време за да се постигне договор меѓу С. Македонија и Бугарија

октомври 7, 2021

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ со лидерите од Западен Балкан во Словенија, порача дека не можат веднаш да се преземат решенија за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, поради тоа што во Бугарија допрва треба да се одржат парламентарни и претседателски избори. „Тука стана јасно дека следниот чекор […]

Посетата на Фон дер Лајен и Вархеји не значи напредок во евро-интеграциите

септември 29, 2021

По претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје пристигнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како дел од нивната балканска турнеја. Иако престојот на двајцата политичари од врвот на ЕУ во земјава може да се чини како напредок во евро-интеграциите, тоа не е така. За воља на вистината, Дер Лајен вчера […]

Заев обвини дека бугарското вето е неевропско однесување, за Захариева „вето“ е погрешен збор

декември 9, 2020

Ветото на Бугарија, иако досега потврдуваше дека ги исполнуваме критериумите, е неевропски начин, неевропско однесување, а нејзиниот став е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ, порача премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до нацијата, откако вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ не го донесе посакуваното одобрување на […]

Иванов – Радев: Самитот во Софија е можност за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

мај 6, 2018

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Дојран имаше средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, кој е во работна посета на Македонија. На средбата, според соопштението од кабинетот на Иванов,  било разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи, за интегративните процеси на Република Македонија и биле разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и во Европската […]

Заев на средба со Курц: Очекуваме почеток на преговори со ЕУ во 2018 година

ноември 6, 2017

На маргините на Виенскиот економски форум, премиерот Зоран Заев се сретна со актуелниот министер за надворешни работи на Австрија и мандатар за составување на новата австриска влада, Себастијан Курц. На средбата Заев и Курц ја потврдиле активната политичка, економска и секторска соработка. Курц му честитал на Заев за демократски спроведените избори, а Заев го информирал […]

Страна 2 од 2