Бугарскиот парламент конечно се собра за да расправа за францускиот предлог и кревањето на ветото

-

Првпат откако изгласа недоверба на владата на Кирил Петков, бугарскиот парламент денеска успеа да оствари кворум и започна пленарната седница, на која првата точка на дневниот ред е разгледување на францускиот предлог за кревањето на ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, пишува mediapool.bg.

Беа внесени три предлога за резолуција, и тоа првиот на Движењето за права и слободи (ДПС), вториот на ГЕРБ, а третиот на ко-претседавачот на Демократска Бугарија (ДБ), Христо Иванов. Третиот ќе се разгледува во рамките на првата точка на дневниот ред на дневниот ред.

„Последниот предлог беше одобрен од Комисијата за надворешна политика во парламентот вчеравечер. Тоа е основа за предлогот на француското претседателство за решавање на спорните теми меѓу Бугарија и Северна Македонија, коешто веќе беше отфрлено од македонската страна како неприфатливо“, пишува бугарскиот новински сајт.

Вчеравечер претседателот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов изјави дека партијата ќе го поддржи паѓањето на ветото. Се очекува пратениците од Бугарската социјалистичка партија да гласаат воздржано, „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов се против. Од националистичката „В’зраждане“ (Преродба) беа против воопшто да се разгледува темата, но нивниот предлог беше отфрлен до 168 гласа против.

Лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов, рече дека ниту еден Бугарин нема да им прости на пратениците за националното предавство.

Во предлогот на Иванов, чија партија е една од трите членки на владејачката коалиција, се наведени четири услови за поддршка на преговарачката рамка на Северна Македонија, односно за кревање на бугарското вето. Меѓу нив се внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија и гаранции дека Бугарија нема да треба да го признае македонскиот јазик во процесот на преговорите за членство на земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...