fbpx

Пред решавањето за кандидатскиот статус, Украина повеќе стравува од засилување на руската офанзива

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија ќе ги засили своите напади врз Украина во следниве денови, кога официјален Кијив го очекува епилогот на барањето ЕУ да додели кандидатски статус. Со овој чекор Украина ќе го започне својот пат кон членство во ЕУ, што може да трае многу години.

Во своето редовно ноќно видео-обраќање до нацијата, Зеленски рече оти среде ваквиот развој на настаните, тој и неговите советници очекуваат „поголема непријателска активност“ од Москва, но им порача на Украинците дека неговите сили „се подготвуваат“ за обновените напади.

Во однос на можниот развој на војната во Украина, вчера Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, предупреди дека војната може да трае со години. Тој посочи дека затоа е важно Западот да биде подготвен долго да ја поддржува Украина, иако трошоците за војувањето се големи – но цената на дозволувањето на Москва да ги постигне своите воени цели е уште поголема.

Во меѓувреме, според државната украинска агенција Ukrinform.net, рускиот претседател Владимир Путин лично дал дозвола руските војници и паравојници од украинските Руси да вршат плачкосување во Украина. Украинската државна агенција се повикува на Безбедносната служба на Украина, за која вели оти пресретнала повик од којшто тоа станува јасно.

„Тоа е, накратко… не е казниво според кривичен закон нашето пљачкосување. Дозволено е. Путин го дозволил. Издал указ дека пљачкосувањето е дозволено“, гласи прислушуваниот телефонски разговор на руски војник со неговата сопруга.

Од разговорот се гледа и дека војникот му завидува на неговиот претпоставен старешина, кој „краде телевизори, машини за перење, скари… сѐ“.

Украинските вооружени сили велат дека од почетокот на руската инвазија на 24 февруари досега убиле 33.800 руски војници, од кои 200 само во текот на вчерашниот ден, ги пренесува ukrinform.net статистиките од Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Уништени биле и 1.477 тенкови, 3.588 оклопни борбени возила, 749 артилериски системи, 235 повеќецевни ракетни лансери, 98 системи за противвоздушна одбрана, 216 авиони, 181 хеликоптер, 601 тактични дронови, 130 крстосувачки ракети….

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...